Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Почна изградбата на нов парк во Ново Лисиче со површина од 71.000 метри квадратни

Во Ново Лисиче започна изградбата на нов парк на површина од 71.000…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Ново Лисиче започна изградбата на нов парк на површина од 71.000 квадратни метри, со што запуштениот простор во непосредна близина на Фудбалската федерација на Македонија и последната автобуска станица на линијата „5“ ќе биде претворен во голема зелена целина наменета за одмор, рекреација и дружење на граѓаните, стои во соопштението на Град Скопје.

Почетокот на изградбата бил означен денеска заедно со градоначалникот Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски и Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески.

-На просторот, кој со години беше оптоварен со дива депонија, ќе биде создаден современ парк со богато зеленило и содржини за сите генерации. Предвидено е да бидат засадени околу 1.000 дрвја, од кои повеќе од 800 листопадни, а останатите зимзелени – наведуваат од Град Скопје.

Реклама

Паркот ќе располага со пристапни пешачки патеки, детски катчиња за игра и забава, како и простори за одмор и дружење, со што ќе создаде ново место за секојдневно поминување на слободното време на жителите на Ново Лисиче и граѓаните на Скопје.

-Секое ново дрво е влог во почист воздух, повеќе сенка и поздрава средина за нашите деца. Сакаме овој парк да живее со смеата на најмладите, со прошетките на семејствата и со средбите на нашите повозрасни сограѓани. Место во кое секоја генерација ќе пронајде свое катче – било истакнато при означувањето на почетокот на изградбата.

Од Град Скопје додаваат дека со реализацијата на овој проект, заедно со парковите кои веќе се изградени и оние на кои се работи, вкупната површина на парковско зеленило што се создава во Скопје достигнува околу 200.000 квадратни метри.

-Грижата за градот започнува со грижата за луѓето. Секое семејство треба да има простор за прошетка, секое дете место за игра и создавање убави спомени, а секоја населба зеленило какво што заслужува. Продолжуваме да го градиме Скопје рамномерно, во секоја општина, со еднаква посветеност кон секој граѓанин – било истакнато на означувањето на градењето.