Реклама

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Македонија

Сали – Бланар: Билатералните прашања да се решаваат преку дијалог, меѓусебно разбирање и почитување

Одличните односи меѓу двете земји и континуираната поддршка на Словачка за европската…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Одличните односи меѓу двете земји и континуираната поддршка на Словачка за европската перспектива на земјата и на Западен Балкан биле во фокусот на разговорите во Братислава меѓу првиот вицепремиер и министер за европски прашања, Беким Сали, и словачкиот министер за надворешни и европски работи, Јурај Бланар.

Како што соопшти Министерството за европски прашања, Сали му се заблагодарил на министерот Бланар за гостопримството и за континуираниот ангажман на Словачка во одржувањето на политиката на проширување високо на агендата на Европската Унија, особено истакнувајќи ја активната улога на Братислава во рамките на групата „Пријатели на Западен Балкан“.

– Европската иднина на Македонија е наша стратешка определба и остануваме целосно посветени на реформите и исполнувањето на обврските што произлегуваат од процесот на пристапување. Истовремено, од суштинско значење е процесот да остане кредибилен, предвидлив и заснован на заслуги, при што исполнувањето на договорените обврски ќе биде проследено со конкретен напредок – истакнал Сали.

Реклама

Во овој контекст, се додава во соопштението, било разговарано и за значењето на добрососедските односи и потребата билатералните прашања да се решаваат преку дијалог, меѓусебно разбирање и почитување, притоа зачувувајќи ги европскиот и реформскиот карактер на пристапниот процес.

Сали истакнал дека Македонија останува посветена на конструктивен дијалог со Бугарија и на градење одржливи добрососедски односи нагласувајќи ја важноста европскиот процес да обезбеди предвидливост и сигурност дека исполнувањето на договорените обврски ќе овозможи напредок кон следните фази од преговорите.

Соговорниците разговарале и за постепената интеграција на земјите кандидати во политиките и единствениот пазар на ЕУ, спроведувањето на реформската агенда и планот за раст за Западен Балкан, како и за можностите за продлабочување на билатералната соработка и размена на словачкото искуство во процесот на европска интеграција.

Сали нагласил дека поддршката од пријателски и партнерски земји како Словачка е значајна како за напредокот на Северна Македонија кон ЕУ така и за зачувување на кредибилитетот на политиката на проширување во целиот Западен Балкан.