Реклама

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Македонија

Формирани комисии за избор на нов шеф на ОЈО ГОКК, пет кандидати во трка за функцијата

Советот на јавните обвинители денеска формираше комисии за спроведување на постапката за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Советот на јавните обвинители денеска формираше комисии за спроведување на постапката за избор на нов основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), при што Комисијата за подготвување кандидатски листи во рок од три дена треба да ги објави имињата на кандидатите кои ги исполнуваат законските услови.

За членови на Комисијата за подготвување кандидатски листи беа избрани Мирјана Илиевска, Ардиан Демири и Душица Димитриеска. Комисијата во рок од три дена треба да ги објави имињата на кандидатите кои ги исполнуваат законските услови за учество во постапката, 

Во Комисијата за спроведување на изборот членуваат Ермон Незири, Светлана Стојковиќ и Кети Петкова.

Реклама

Во однос на постапката за избор на нов раководител на ОЈО ГОКК, досега се пријавени петмина јавни обвинители. Како што претходно за МИА потврди претседателот на Советот на јавните обвинители, Башким Бесими, кандидатури поднеле вишиот јавен обвинител Јове Цветановски, обвинителот во Вишото јавно обвинителство и поранешен обвинител во СЈО Трајче Пеливанов, обвинителката од ОЈО Скопје Лидија Раичевиќ, како и обвинителите од ОЈО ГОКК Искра Хаџи-Василева и Фатон Азизи.

Изборот на нов основен јавен обвинител на ОЈО ГОКК е закажан за 28 октомври 2026 година. Постапката се спроведува поради истекување на мандатот на актуелниот раководител Ислам Абази, кој беше избран на функцијата во октомври 2022 година.,

Советот на денешната седница разгледа и изјави за продолжување на работниот однос на избрани и именувани лица согласно измените на Законот за работните односи. Беше констатирано дека сите поднесени изјави се во законскиот рок и дека ќе им биде продолжен работниот однос на Елизабета Павловска од ОЈО Скопје, Фаик Арслани од Вишото јавно обвинителство Гостивар, Миле Петков од ОЈО Струмица, Ферат Елези од Јавното обвинителство на РСМ, Антонио Јолевски од Вишото јавно обвинителство Битола, Софка Ќека Наумова од ОЈО Скопје, Џелал Хусмани од Вишото јавно обвинителство Гостивар и Оливера Проеска од ОЈО ГОКК.

На седницата беше утврден и прекин на мандатот на јавниот обвинител Ахмед Ахмети од Основното јавно обвинителство Гостивар поради исполнување услови за старосна пензија.

Во рамки на точката „Разно“, Советот констатираше дека Надица Василева Спасова, согласно решение на надлежниот фонд, може да продолжи да работи со половина работно време.