Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Економија

Нафтоводот Солун – Скопје во фокусот на учеството на грчката компанија „Хеленик енерџи“ на Меѓународниот саем во Солун

Преку интерактивна инсталација посетителите на штандот на грчката компанија „Хеленик енерџи“ на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Преку интерактивна инсталација посетителите на штандот на грчката компанија „Хеленик енерџи“ на Меѓународниот саем во Солун може да се запознаат со нафтоводот „Вардакс“, што ги поврзува Солун и Скопје, а по пауза од 13 години, на почетокот на годината беше повторно активиран.

Од компанијата информираа дека „Вардакс“, кој е „стратешка енергетска инфраструктура, која ги поврзува пазарите, ја зајакнува енергетската безбедност, ја поттикнува соработката меѓу земјите и создава нови развојни перспективи за целиот регион“, е во фокусот на нивното учество на годинешниот саем во Солун, што се одржува од 5 до 13 септември. 

– Преку интерактивна инсталација на штандот на „Хеленик енерџи“ посетителите може да ја активираат симулираната циркулација низ нафтоводот, а специјално дизајнираната аудиовизуелна содржина ги прикажува неговата траса од Солун до Скопје, начинот на функционирање и неговото значење за енергетското снабдување на регионот – информираа од компанијата. 

Реклама

Подземниот продуктовод, што е во сопственост на компанијата „Вардакс“ (VARDAX S. A), во која „Хеленик енерџи“ има удел од 80 отсто, а нашата земја 20 проценти, првично беше изграден во 2002 година, работеше до 2013 година, а по пауза од 13 години, повторно беше активиран.

Се протега на должина од 213,5 километри, од кои 69,7 километри се во Грција, а преостанатите 143,8 на македонска територија и има капацитет годишно да пренесе до 2,5 тони нафтени производи.

Од „Хеленик енерџи“ посочија дека за нив, обновата и модернизацијата на нафтоводот беше стратешки избор, целосно усогласен со визијата да ги предводат развојните процеси во Југоисточна Европа (ЈИЕ) како водечка енергетска компанија и во овој контекст била спроведена сеопфатна програма за надградба на нафтоводот, „со цел да работи според современи стандарди за безбедност, дигитален мониторинг и висока оперативна ефикасност“.

Додадоа дека повторното пуштање во употреба на почетокот на годината, по 13 години неактивност, претставуваше значајна пресвртница не само за „Хеленик енерџи“ туку и за улогата на Грција како регионален столб на енергетската безбедност, економската стабилност и развојот во ЈИЕ.

– Со Солун како појдовна точка во пракса е воспоставен вертикален енергетски коридор, што обезбедува сигурност на снабдувањето и поврзаност со соседните држави. Ја поврзува Грција со Балканот, а преку него и со пазарите во централна Европа. Процените се дека повторното ставање во функција на нафтоводот во голема мера ќе придонесе и за енергетската заштита на Балканот, притоа позиционирајќи ја Македонија како енергетски центар, а „Хеленик енерџи“ го проширува своето економско присуство во земјата – информираа од компанијата.

Од почетокот на годината до крајот на август 2026 година преку продуктоводот биле транспортирани речиси 400 милиони литри дизел-гориво, со што пред сè се снабдува македонскиот пазар, но и пазарите на соседните земји, како што се Косово и Србија.

За дополнително зајакнување на улогата на нафтоводот, компанијата планира дополнителни инвестиции со цел да се овозможи транспорт на зголемени количини рафинирани нафтени производи од индустриските објекти во Солун, а во објектите на „Окта“ се воспоставува железничка линија за снабдување (track loading), со цел непречен транспорт на сурова нафта до соседните земји.

Паралелно, продуктоводот има позитивен придонес и за животната средина, а од компанијата велат дека е особено значајна е и еколошката димензија на проектот бидејќи транспортот на гориво преку нафтовод е поефикасен и еколошки поодржлив од алтернативните решенија.

Врз основа на планираните испораки, се проценува дека работењето на нафтоводот до крајот на август 2026 година заменило речиси 12.108 патувања на цистерни, а со тоа се намалуваат и емисиите на емисии на јаглероден диоксид од патниот транспорт за речиси 5.400 тони годишно.