Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Тревникот меѓу спортскиот центар Борис Трајковски и ГОБ 8 Септември дефинитивно е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Тревникот меѓу спортскиот центар Борис Трајковски и ГОБ 8 Септември дефинитивно е посакуваната локација за изграда на новиот клинички центар. Преговорите со сопствениците на земјиштето се пред крај, а според премиерот Христијан Мицкоски, за многу скоро од денеска на маса ќе бидат ставени сите важни детали – од тоа како ќе изгледа и како ќе функционира центарот – до тоа колку ќе чини и за колку време ќе биде изграден.

“Новиот клинички центар е планиран да биде на платото пред или зад базенот „Борис Трајковски“.Тоа се двете можниости за кои размислуваме и преговараме. Многу бргу ќе имаме конечно решение, а како сето тоа ќе биде интегрирано, допрва ќе носиме одлука“, рече тој.

И додека граѓаните го чекаат новиот Клинички центар, надлежните вложуваат во други сегменти од здравствениот систем со цел пациентите да добијат покавлитетна здравствена услуга и навремена дијагностика.

Реклама

Една од нив е Клиниката за неврологија – одделот за неврофизиологија доби целосно нов лик. Со нов ентериер, но и нова апаратура.

“Од слепо црево на Клиничкиот центар, овој објект стана функционална зграда. Целосно е обновен внатрешниот дел на Клиниката, а во следната фаза ќе се реконструираат и кровот и фасадата. Од запуштен објект добиваме функционална средина, попријатна за работа на медицинскиот персонал, но што е најбитно, и за пациентите. Напорно работевме покрај просторните услови да го подобриме и капацитетот на лекарите и останатиот персонал” – изјави директорот на Клиниката, Јован Божиновски.

Петте клучни проекти на Владата се изградбата на Клиничката болница во Штип Изградба на комлетно нов Медицински факултет и нов студентски дом со најмалку 200 легла. Реконструкција на тетовската болница и изграба на нова во Кичево со нов Здравствен дом.

Изминатиот период се реконтруирани повеќе болници, а и операционите сали на Клинички и на ГОБ 8-ми септември добија целосно нов изглед.