Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Заменик-генералниот директор на ММФ, Бо Ли: Македонија е позитивен пример за напредни практики на транспарентност на централната банка

Македонија е позитивен пример во примената на напредни практики на транспарентност на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија е позитивен пример во примената на напредни практики на транспарентност на централната банка и ужива висок степен на доверба кај јавноста, истакнува заменик-генералниот директор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Бо Ли, во интервјуто дадено за публикацијата на Народната банка „80 години централно банкарство: Глобални перспективи, регионална соработка и идни предизвици“ (80 Years of Central Banking: Global Perspectives, Regional Cooperation and Future Challenges).

Осврнувајќи се на важноста на независноста на централните банки во услови на глобални предизвици, Бо посочува дека искуството од разни земји покажува оти независните централни банки се во подобра позиција да ја зачуваат ценовната стабилност, да одржуваат стабилни инфлациски очекувања и одлучно да одговорат на економските шокови.

Како што информираат од Народната банка, Бо нагласува дека независноста на централната банка не значи дека таа е над демократските институции, туку дека во рамките на јасно дефиниран законски мандат има автономија да ги носи своите одлуки врз основа на податоци, професионална анализа и стручна процена. Истовремено, независноста мора да оди рака под рака со доброто управување, транспарентноста, отчетноста и јасната комуникација со јавноста.

Реклама

Во интервјуто тој посебно се осврнува на искуството на Народната банка. „Одличните резултати на Македонија се позитивен пример“, истакнува Бо посочувајќи дека нашата земја е меѓу првите земји во кои е спроведена процена според Кодексот за транспарентност на централните банки на ММФ. Процената покажала дека Народната банка веќе применува напредни практики на транспарентност и ужива висок степен на доверба кај јавноста.

Во однос на тоа како може помалите економии да го зачуваат институционалниот кредибилитет во периоди на неизвесност, Бо издвојува неколку клучни предуслови, а тоа се јасно дефиниран мандат, кохерентна рамка на политики, оперативна автономија, доследност во носењето и објавувањето на одлуките, како и цврстите правни основи, доброто управување, транспарентноста и отчетноста.

Бо ја истакнува и важната улога на ММФ во поддршката на силните и независни централни банки преку совети за политиките, техничка помош, развој на капацитетите и истражување. Поддршката опфаќа повеќе области, меѓу кои монетарната политика, институционалното управување, правната рамка, управувањето со девизните резерви, супервизијата, статистиката, комуникацијата и управувањето со ризиците.

Интервјуто со Бо Ли е дел од публикацијата „80 години централно банкарство: Глобални перспективи, регионална соработка и идни предизвици“, подготвена во рамките на одбележувањето на јубилејот – 80 години централно банкарство во земјата. Публикацијата е дел од комуникациски проект што опфаќа серијал тематски интервјуа со актуелни и поранешни гувернери на централни банки, високи претставници на меѓународни финансиски институции и претставници на меѓународни централнобанкарски организации.

Целото интервју е достапно на следната врска: https://www.nbrm.mk/ns-newsarticle-intervju-na-bo-li-zamenik-generalen-direktor-na-megunarodniot-monetaren-fond-nezavisnost-na-centralnata-banka-vo-uslovi-na-globalni-predizvici.nspx