Реклама

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Економија

Нафтоводот Солун – Скопје во фокусот на учеството на грчката компанија „HELLENiQ ENERGY“ на Меѓународниот саем во Солун

Преку интерактивна инсталација, посетителите на штандот на грчката компанија „HELLENiQ ENERGY“ на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Преку интерактивна инсталација, посетителите на штандот на грчката компанија „HELLENiQ ENERGY“ на Меѓународниот саем во Солун можат да се запознаат со нафтоводот Вардакс што ги поврзува Солун и Скопје, а по пауза од 13 години, на почетокот на годинава беше повторни активиран, јави дописничката на МИА од Атина.

Од компанијата информираа дека Вардакс, што е „стратешка енергетска инфраструктура која ги поврзува пазарите, ја зајакнува енергетската безбедност, ја поттикнува соработката меѓу земјите и создава нови развојни перспективи за целиот регион“ е во фокусот на нивното учество на овогодишниот саем во Солун што се одржува од 5 до 13 септември. 

– Преку интерактивна инсталација на штандот на „HELLENiQ ENERGY“, посетителите можат да ја активираат симулираната циркулација низ нафтоводот, а специјално дизајнирана аудиовизуелна содржина ја прикажува неговата траса од Солун до Скопје, начинот на функционирање и неговото значење за енергетското снабдување на регионот, информираа од компанијата. 

Реклама

Подземниот продуктовод, што е во сопственост на компанијата Вардакс (VARDAX S. A) во која „HELLENiQ ENERGY“ има удел од 80 отсто, а нашата земја 20 проценти, првично беше изграден во 2002 година, работеше до 2013 година, а по пауза од 13 години, повторно беше активиран.

Се протега на должина од 213,5 километри, од кои 69,7 километри се во Грција, а останатите 143,8 на македонска територија и има капацитет годишно да пренесе до 2,5 тони нафтени производи.

Од „HELLENiQ ENERGY“, посочија дека за нив, обновата и модернизацијата на нафтоводот беше стратешки избор, целосно усогласен со визијата да ги предводат развојните процеси во ЈИ Европа како водечка енергетска компанија и во овој контекст била спроведена сеопфатна програма за надградба на нафтоводот, „со цел да работи според современи стандарди за безбедност, дигитален мониторинг и висока оперативна ефикасност“.

Додадоа дека повторното пуштање во употреба на почетокот на годинава, по 13 години неактивност, претставуваше значајна пресвртница не само за „HELLENiQ ENERGY“, туку и за улогата на Грција како регионален столб на енергетската безбедност, економската стабилност и развојот во ЈИ Европа.

– Со Солун како појдовна точка, во пракса е воспоставен „вертикален енергетски коридор“ што обезбедува сигурност на снабдувањето и поврзаност со соседните држави. Ја поврзува Грција со Балканот, а преку него и со пазарите во централна Европа. Процените се дека повторното ставање во функција на нафтоводот во голема мера ќе придонесе и за енергетската заштита на Балканот, притоа позиционирајќи ја Република Северна Македонија како енергетски центар, додека „HELLENiQ ENERGY“ го проширува своето економско присуство во земјата, информираа од компанијата.

Од почетокот на годинава до крајот на август 2026 година, преку продуктоводот биле транспортирани речиси 400 милиони литри дизел гориво, со што пред сè се снабдува македонскиот пазар, но и пазарите на соседните земји, како што се Косово и Србија.

За дополнително зајакнување на улогата на нафтоводот, компанијата планира дополнителни инвестиции со цел да се овозможи транспорт на зголемени количини рафинирани нафтени производи од индустриските објекти во Солун, додека пак во објектите на ОКТА се воспоставува железничка линија за снабдување (track loading), со цел непречен транспорт на сурова нафта до соседните земји.

Паралелно, продуктоводот има позитивен придонес и за животната средина, а од компанијата велат дека е особено значајна е и еколошката димензија на проектот, бидејќи транспортот на гориво преку нафтовод е поефикасен и еколошки поодржлив од алтернативните решенија.

Врз основа на планираните испораки, се проценува дека работењето на нафтоводот до крајот на август 2026 година заменило околу 12.108 патувања на цистерни, а со тоа се намалуваат и емисиите на емисии на јаглероден диоксид од патниот транспорт за околу 5.400 тони годишно.