Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Царинските управи на Македонија и Хрватска склучија Меморандум за соработка  

– Директорот на Царинска управа, Бобан Николовски и директорот на Царинска управа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Директорот на Царинска управа, Бобан Николовски и директорот на Царинска управа на Република Хрватска, Марио Демировиќ потпишаа Меморандум за соработка.

Како што изјави Николовски, со овој чекор се испишува ново поглавје во економските врски и јасно се потврдува посветеноста на евроинтегративните процеси и на продлабочувањето на соработката во области кои се од суштинско значење за забрзување на економскиот раст и зајакнување на безбедноста на меѓународно ниво.

Според него, Меморандумот се потпишува во период кога македонската царина спроведува значајни реформски политики за забрзана интеграција во ЕУ, а хрватското искуство во овој сегмент е непроценливо и ќе помогне за ефикасен преод кон целосна интеграција во европскиот царински систем.

Реклама

-Во рамки на земјите кандидати од Западен Балкан, сакаме Македонија да биде препознаена како предводник во модернизацијата на царинското работење, дигитализацијата и примената на европските стандарди. Не само декларативно, туку преку конкретни резултати. Затоа ќе учиме од хрватското искуство, ќе ги прифаќаме најдобрите практики и ќе ги прилагодуваме на нашите услови. Но, ова не е еднонасочна соработка. Од македонска страна, нашето искуство со регионалните трговски текови и нашата улога во поврзувањето на пазарите во Западен Балкан се дополнителна вредност за заедничката борба против прекуграничниот криминал и за олеснување на легалната трговија. Затоа денес не зборуваме само за размена на искуства. Зборуваме за партнерство од кое двете страни треба да имаат конкретна корист. Хрватска добива посилен и посигурен партнер во регионот. Македонија добива знаење, искуство и поддршка на својот пат кон ЕУ. Нашите компании добиваат подобри услови за трговија. А нашите граѓани добиваат нешто што е крајната цел на секоја добра реформа, институции кои работат побрзо, поефикасно и побезбедно. Затоа верувам дека денешниот Меморандум нема да остане само документ. Ќе го мериме по тоа колку побрзо решаваме проблеми, колку помалку се чека на границите, колку повеќе шверц ќе откриваме и колку побрзо ќе ги приближуваме нашите царински процедури до европските. Нашата цел е границата да биде место каде што се проверува безбедноста, а не место каде што се губи времето, рече Николовски.

Директорот Демировиќ истакна дека целта на стратешката соработка која се воспоставува со потпишување на Меморандумот е поефикасно сузбивање на незаконските дејствија и забрзување и поедноставување на царинските процедури за македонските економски субјекти.

-Министерството за финансии, Царинската управа на Република Хрватска, донесе одлука за стратешка соработка со македонската Царинска управа која главно е насочена кон соработката со стопанството. Целта на нашата стратешка соработка, освен поефикасно сузбивање на незаконските дејствија и зајакнување на оперативната соработка во надзорот на прекуграничната трговија на стоки, во значителна мера е и забрзување и поедноставување на царинските процедури за македонските економски субјекти. Дополнително, цел на соработката е и пренос на сите информации и податоци од доменот на законодавството и практиката во Европската Унија од царинска надлежност, како и на информатичката технологија во царинското подрачје, со цел зајакнување на ефективната соработка и врските меѓу двете држави, нагласи Демировиќ.