Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Македонскиот КИЦ и Кинотеката го почнаа новото патување на македонскиот филм низ Хрватска

Кино салата на Центарот за култура „Златна врата” во Сплит синоќа беше…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кино салата на Центарот за култура „Златна врата” во Сплит синоќа беше место на средба на две култури – свечено беше отворен вториот по ред патувачки Фестивал на македонски филм, оваа година посветен на македонскиот документарен филм.

Публиката во полната сала ја поздравија Тамара Висковиќ, водителка на програмата за култура при Центарот за култура „Златна врата”, Марта Жаја, претседателка на македонското културно друштво „Македонија” од Сплит, Мими Ѓоргоска Илиевска, директорка на македонскиот КИЦ во Загреб, и Бошко Грујоски, директор на македонската Кинотека. Честа да го отвори фестивалот ѝ припадна на Јелена Коваќиќ, виша советничка за демографија на Градот Сплит, која го истакна значењето на Фестивалот на македонскиот филм за јакнење на врските меѓу Сплит и Македонија, како и меѓу хрватската и македонската култура.

Овогодинешното фестивалско издание на својата прва дестинацијa во Сплит беше отворено со документарно-играниот филм „Железна тврдина”, најново филмско остварување на македонскиот меѓународно реномиран режисер Митко Панов.

Реклама

По успешното прво издание, единствениот патувачки „Фестивал на македонски филм“ во Хрватска продолжува да го гради својот препознатлив идентитет како значајна платформа за промоција на македонската кинематографија и за продлабочување на културната соработка меѓу Македонија и Хрватска. Фестивалот претставува простор за средба на авторите, филмските професионалци и публиката, a со тоа и ги воведува новите перспективи за македонскиот филм и неговата видливост во меѓународен контекст.

Програмата на второто издание нуди внимателно избрана селекција која ја отсликува богатата разновидност на современата и историската македонска кинематографија. Од најновите авторски остварувања и меѓународни копродукции, преку документарни филмови што обработуваат универзални теми за идентитетот, миграцијата, човекот и природата, до филмови што претставуваат непроценлив дел од националното филмско и етнолошко наследство – фестивалот ја прикажува континуираната виталност и креативност на македонскиот филм.

Македонскиот КИЦ во Загреб и оваа година патувачкиот Фестивал на македонски филм го организира во партнерство со Кинотеката на Македонија и хрватската мрежа на независни киноприкажувачи како дел од сопствената годишна програма поддржана од Министерството за култура и туризам. Фестивалското издание во Сплит

се одржува во соработка со Македонското културно друштво “Македонија” Сплит и Центарот за култура „Златна врата”.

Во текот на месец септември и октомври во знакот на одбележување на 35 години независнот, Фестивалот на македонски филм продолжува во 11 градови низ Хрватска.