Во изминатото деноноќие во земјата се регистрирани вкупно 31 пожар на отворен простор, од кои да се активни, четири се под контрола, а 25 се изгаснати.
Активни пожари има во општина Македонски Брод кај селото Белица и месноста Кајорец, каде што гори нискостеблеста и мешана шума, и во општина Чучер-Сандево кај селото Брест и месноста Рамно, каде што е зафатена мешана шума.
Под контрола се пожарите кај село Бенче во општина Македонсски Брод, кај кичевското село Тајмиште, на градската депонија во Делчево и кај село Копаница во Општина Сарај.

