Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

„Кавалерија рустикана“ на сцената на Националната опера и балет

На сцената на Националната опера и балет вечер ќе биде изведена операта…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На сцената на Националната опера и балет вечер ќе биде изведена операта „Кавалерија рустикана“ од Пјетро Маскањи – едно од најпознатите и највпечатливи дела на италијанскиот веризам.

Делото ќе биде изведено под диригентската палка на Иван Еминовиќ, во режија на Џандоменико Вакари од Италија. Сценограф е Зоран Николовски, костимограф Елена Дончева, концерт-мајстор Јане Бакевски, а хор-мајстори се Ѓургица Дашиќ и Јасмина Ѓорѓеска.

Во улогата на Сантуца ќе настапи нашата првенка, Весна Ѓиновска Илкова, Туриду ќе го толкува Зоран Сотиров, Алфио – Марјан Јованоски, Лола – Катерина Стојановска, а Мајка Лучија – Соња Пендовска Мадевска заедно со хорот и оркестарот на Националната опера и балет.

Реклама

-Со својата силна музичка експресивност и драмска непосредност, „Кавалерија рустикана“ ја носи приказната за љубовта, љубомората, предавството и честа, претставени низ судбините на нејзините главни ликови. Маскањи создава музичка партитура исполнета со страст и драмски набој, во која оркестарот и вокалните интерпретации ја градат атмосферата и напнатоста што водат кон трагичниот расплет, велат од Националната опера и балет.

Премиерно изведена во 1890 година, „Кавалерија рустикана“ е дело со кое Маскањи се вбројува меѓу композиторите кои го одбележаа развојот на италијанскиот оперски веризам. Нејзината музика, препознатлива по силниот драмски интензитет и непосредното пренесување на човечките емоции, и денес ја задржува својата привлечност и редовно се изведува на оперските сцени ширум светот.