Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Амандманска расправа за законот за пријавување и проверка на странски директни инвестиции на Комисијата за надворешна политика

На собраниската Комисија за надворешна политика и надворешна трговија денеска е амандманска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На собраниската Комисија за надворешна политика и надворешна трговија денеска е амандманска расправа за Предлог на закон за пријавување и проверка на странски директни инвестиции. 

За законот се поднесени од 15 амандмани од кои неколку од пратениците Димитар Ковачевски, Соња Мираковска и Моника Зајкова од пратеничката група предводена од СДСМ и неколку од Сали Мурати од Коалицијата Европски фронт.  

Собранието на натамошно читање го даде Предлогот на 121 седница, а тој доби поддршка од сите пратеници. Со предлог‑законот се предвидува воспоставување национален механизам за скрининг на странските директни инвестиции преку кој ќе се спроведува пријавување и проверка во строго утврдени критични и сензитивни сектори, доколку постојат сериозни индиции дека инвестициското реализирање би имало негативен ефект врз националната безбедност, јавниот ред или стратешките интереси.

Реклама

Според предложеното решение, странска директна инвестиција може да се реализира со претходно донесена позитивна или условно позитивна одлука од страна на Владата ако се стекнува најмалку 10 % од основната главнина и/или правото на глас, а вредноста на стекнувањето е не помала од 50.000 евра во трговско друштво, сектор или критична инфраструктура конкретно утврдени со членот 8 од предлог‑законот.

Заради фактот што во земјава не постои посебен закон или подзаконски акт што ја дефинира критичната инфраструктура, со предлог‑законот се дава правен основ Владата, на предлог на Министерството за одбрана, да ги утврдува секторите и видовите на критична инфраструктура потребни за примената на овој закон.

За надлежен орган за пријавување и проверка е предложено да биде Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, кое по претходна постапка на консултации со надлежните институции (МО, МВР, МФ, МЕТ, АНБ, НБРМ, МЕРМС, КЗК и други) ќе дава предлог до Владата дали одредена инвестиција треба да биде дозволена, дозволена под одредени услови или одбиена. Против одлуката на Владата инвеститорот има право да поведе управен спор пред надлежниот суд во согласност со Законот за управни спорови.

Предлог на закон за пријавување и проверка на странски директни инвестиции е на дневен ред на Законодавно правната комисија.