Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Јанев: Потребна е посилна соработка за поефикасна борба против финансискиот криминал

Директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ), Александар Јанев, денеска учествуваше на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ), Александар Јанев, денеска учествуваше на Билатералната вежба Македонија – Грција за меѓусебна правна помош во случаи на финансиски криминал, организирана со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, при што порача дека е неопходна посилна соработка меѓу институциите за поефикасно справување со финансискиот криминал и прекуграничните криминални активности.

Како што соопшти МВР, вежбата е насочена кон унапредување на практичната соработка меѓу надлежните институции од двете земји преку размена на искуства, информации и најдобри практики во постапувањето со случаи поврзани со финансиски криминал.

– Безбедноста нема граници. Затоа и нашата соработка не смее да има граници, – истакнал Јанев, нагласувајќи дека криминалот не познава граници, а криминалните мрежи и финансиските текови често се протегаат низ повеќе држави.

Реклама

Според него, одговорот на институциите треба да биде заеднички, навремен и координиран преку директна размена на информации, ефикасна меѓусебна правна помош, финансиски истраги, следење на сомнителни трансакции и размена на податоци од значење за истрагите.

Јанев оценил дека Македонија и Грција, како соседни држави, имаат посебна одговорност во јакнењето на безбедносната соработка и воспоставувањето механизми што ќе им овозможат на институциите да бидат чекор пред криминалот.

– Нашата цел не е само да реагираме кога криминалот ќе се случи. Целта е заеднички да бидеме чекор пред него преку навремено споделување информации, координирани постапки и ефикасна правна помош – порачал директорот на БЈБ.

Тој нагласил дека ваквите вежби имаат особено значење бидејќи овозможуваат практично тестирање на механизмите за соработка и унапредување на процедурите за постапување во сложени прекугранични случаи.

– Таму каде што криминалот гледа граница како можност за криење, ние треба да гледаме можност за уште посилна соработка. Силни институции, тесно поврзани партнери и заедничка одговорност се основата за побезбедни граѓани и постабилен регион – истакнал Јанев.