Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Стаменкоска Трајкоска: Заканите од советниците од политичката партија Левица не можат да ги запрат резултатите

Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Стаменкоска Трајкоска, остро реагираше на, како што…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Стаменкоска Трајкоска, остро реагираше на, како што рече, обидите за доведување на јавноста во заблуда и политички провокации од страна на општински советници.

Таа директно му се обрати на советникот Петар, обвинувајќи го дека со вадењето на асфалтот правел „театар“ пред граѓаните, а притоа упати и сериозни обвинувања дека ѝ се заканувал по нејзините деца.

Стаменкоска Трајкоска порача дека нема да дозволи, како што рече, да падне на нивото на провокациите и заканите, додавајќи дека Општина Кисела Вода работи на повеќе проекти од значење за граѓаните.

Реклама

Како пример ги посочи изградбата на основното училиште „Невена Георгиева-Дуња“, како и проширувањето на капацитетите во ООУ „Кирил Пејчиновиќ“, со што, според неа, се создаваат услови за едносменска настава.

Градоначалничката нагласи и дека дел од проектите кои требало да бидат завршени во 2027 година се реализираат пред предвидениот рок.

„Многу проекти со гордост како градоначалник можам да кажам, благодарност на администрацијата и на изведувачите, наместо да бидат завршени во 2027 година, тие се завршени предвремено. Така се работи за граѓаните“, порача Стаменкоска Трајкоска.

Видеото може да го погледнете на следниот линк: