Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Андоновски од Белград: Инвестициите во ИКТ го движат економскиот раст

Инвестициите во ИКТ индустријата и технологијата го движат економскиот раст, порача министерот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Инвестициите во ИКТ индустријата и технологијата го движат економскиот раст, порача министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски од економскиот форум BELTALKS 2026.

Во рамки на форумот што се одржува во Белград, Република Србија, Андоновски беше говорник на панел-дискусијата „Градење економија заснована на вештачка интелигенција: податоци, инфраструктура и конкурентност“.

-Разговараме за иднината на регионот од економски аспект, а јас ги претставувам можностите за инвестирање во Македонија во областа на новите технологии и вештачката интелигенција. Имаме добар почеток, затоа што Македонија забележа раст на БДП од 3,7 проценти во првата половина од 2026 година и раст од 4,3 проценти во вториот квартал, во услови на ниска инфлација. Овој раст е воден и од инвестициите во ИКТ-индустријата и технологијата, истакна Андоновски.

Реклама

Како што напомена, учеството на форумот е можност за привлекување што повеќе компании и ново знаење во Македонија.

-Затоа сме тука – да отвориме нови можности за инвестиции во дата-центри, примена на вештачката интелигенција и развој на технолошки компании, како и да привлечеме што е можно повеќе компании, разновиден капитал и ново знаење во Македонија, додаде министерот.

На панелот учествуваа и претседателката на Народното собрание на Република Србија, Ана Брнабиќ, претседателот на Стопанската комора на Србија, Марко Чадеж, и претседателот на Извршниот одбор на Yettel Bank, Александар Богдановиќ.

Дискусијата беше насочена кон можностите Западен Балкан да се позиционира како центар за иновации, дата-центри и нови технологии, како и кон значењето на дигиталната инфраструктура, енергетските капацитети, човечкиот капитал и поволното деловно опкружување за привлекување високотехнолошки инвестиции.

Министерот Андоновски ќе учествува и на затворената тркалезна маса „Еден регион, еден пазар? Трговијата, работната сила, инвестициите и иднината на регионалната интеграција“.

BELTALKS 2026 е во организација на GLOBSEC, а го отвори претседателот на Владата на Република Србија, Ѓуро Мацут. Завршното обраќање е предвидено за претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ. Форумот обедини високи политички претставници, носители на одлуки и претставници на деловната заедница од регионот и Европа.