Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Парламентите имаат клучна улога во процесот на пристапување кон ЕУ, порачаа учесниците на регионална конференција во Собранието

 Улогата на парламентите и парламентарниот надзор во процесот на пристапување кон Европската…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

 Улогата на парламентите и парламентарниот надзор во процесот на пристапување кон Европската Унија беше во фокусот на вториот ден од регионалната конференција за регионална соработка и европска интеграција на земјите од Западен Балкан, што денеска продолжи во Собранието.

Како што соопштуваат од Собранието, директорката на Институтот за европска политика, Симонида Кацарска, презентирала осврт на парламентарниот надзор и неговото значење во процесот на европската интеграција. Таа се осврнала на реформската агенда, односите со ЕУ и заедничкиот пазар, специфичните барања на пристапниот процес, како и на улогата на парламентите во земјите членки и во државите кои се надвор од Унијата.

На конференцијата било посветено внимание и на позицијата на Западен Балкан во европските политики, како и на различните форми на парламентарен активизам во европски рамки.

Реклама

Во заклучоците од презентацијата било нагласено дека парламентот, како носител на законодавната власт, има значајна улога во процесот на пристапување кон Европската Унија преку законодавната и буџетската функција, ратификацијата на меѓународните договори и надзорот врз спроведувањето на реформите.

Потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски, ги запознал учесниците со начинот на функционирање на законодавниот дом и механизмите преку кои се остварува надзорната функција, како важен сегмент на демократските процеси и евроинтегративниот пат.

По презентациите следувала дискусија на која биле разменети мислења и искуства за улогата на парламентите во процесот на европска интеграција.

Во вториот дел од конференцијата, експертот Александар Андрија Пријовиќ презентирал анализа на предлозите за проширување и пристапување кон ЕУ поднесени од земјите членки во однос на земјите кандидатки во периодот од 2019 до 2026 година.

Тој оценил дека политиката на проширување на Унијата се наоѓа во период на значајни промени под влијание на новите геополитички околности и безбедносни предизвици, што наметнува потреба од нов пристап во процесот.

Пријовиќ ги претставил и седумте „нон-пејпер“ предлози на европските држави поврзани со пристапувањето кон ЕУ, притоа нагласувајќи дека станува збор за неформални документи кои можат дополнително да се менуваат и надополнуваат.

Според него, владеењето на правото и климатските промени остануваат меѓу клучните прашања во пристапниот процес, при што не е исклучена можноста и за измени во методологијата за пристапување кон Европската Унија.