Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Прилеп го распиша конкурсот за Третоноемвриските награди

Прилеп го распиша конкурсот за пријавување поединци и институтции за доделувањето на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Прилеп го распиша конкурсот за пријавување поединци и институтции за доделувањето на наградата „3 Ноември“ за денот на конечното ослободување на градот.

Наградите и признанијата се доделуваат на физички и правни лица за особени достигнувања и остварувања од значење за општествениот, стопанскиот, културно-уметничкиот и политичкиот живот, како и за придонес во развојот и афирмацијата на општина Прилеп. 

Предлози може да поднесат претпријатија, здруженија, граѓани и други заинтересирани субјекти.

Реклама

-Предлозите треба да бидат образложени и аргументирани, со наведување на достигнувањата и придонесот на кандидатот во соодветната област, за периодот од 3 Ноември 2025 година до денот на поднесување на предлогот. За наградата за животно дело се предлагаат кандидати кои подолг период се истакнувале со значајни остварувања и посебен придонес во својата област, стои во известувањето одлкалната самоуправа на Прилеп.

Предлозите се доставуваат до Комисијата за одбележување значајни настани, личности и празници при советот на Општината, преку приемното одделение во локалната самоуправа или на адреса: ул. „Прилепски бранители“ бр. 1, Прилеп.

Краен рок за доставување на предлозите е 9 октомври 2026 година.