Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Започна асфалтирањето на улица „1“ во индустриската зона „Чуката“ во Пехчево

Започна асфалтирањето на улица „1“ во индустриската зона „Чуката“ во Пехчево, со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Започна асфалтирањето на улица „1“ во индустриската зона „Чуката“ во Пехчево, со што во завршната фаза влегува изградбата на оваа значајна сообраќајница . Со реализацијата на проектот, индустриската зона „Чуката“ добива нова и современа патна инфраструктура, која треба да овозможи подобар пристап до деловните парцели и полесно одвивање на сообраќајот во зоната.

Изградбата на улицата претставува значаен инфраструктурен чекор за унапредување на условите за работа и инвестирање. Новата сообраќајница ќе придонесе за полесно и побезбедно движење на возилата, подобра транспортна поврзаност, како и поефикасно одвивање на секојдневните активности на компаниите што работат или ќе инвестираат во индустриската зона.

Од Општина Пехчево посочуваат дека подобрувањето на патната инфраструктура е особено значајно за постојните, но и за потенцијалните инвеститори, бидејќи подобрата пристапност создава услови за поефикасна логистика и полесно одвивање на деловните процеси.

Реклама

-Со изградбата на улица „1“, Општина Пехчево продолжува со активности насочени кон создавање подобри услови за развој на локалната економија и привлекување нови инвестиции. Уредената инфраструктура во индустриската зона „Чуката“ треба да придонесе за зголемување на нејзината атрактивност за домашни и странски инвеститори, како и за создавање услови за развој на производни и други деловни активности, истакнаа од Општина Пехчево.

Од локалната самоуправа упатуваат повик до потенцијалните инвеститори да ги препознаат можностите што ги нуди индустриската зона и да инвестираат во Пехчево, со што, како што велат, се создаваат предуслови за отворање нови работни места и долгорочен економски развој.

Асфалтирањето на улица „1“ е последната и највидлива фаза од изградбата на сообраќајницата, со која индустриската зона „Чуката“ добива подобра инфраструктурна поврзаност и дополнителен потенцијал за развој.