Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Во јули 367 одобренија за градење, предвидени 1 248 станови

– Во  јули  годинава се издадени  367 одобренија за градење, што е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Во  јули  годинава се издадени  367 одобренија за градење, што е за 8,5 проценти помалку во однос на истиот месец од претходната година, објави денеска Државниот завод за статистика.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 227 (61,9 проценти) се наменети за објекти од високоградба, 39 (10,6 проценти) од нискоградба и 101 (27,5  проценти) за објекти за реконструкција. 

Во извештајниот период е предвидена изградба на 1 248 станови со вкупна корисна површина од 100 440  метри квадратни. Во Скопскиот регион се издадени најмногу одобренија – 107, и предвидени се 752 стана.

Реклама

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува  7.995.108.000 денари, што е за 74,8 проценти помалку во однос на истиот месец од претходната година. Намалената вредност се должи на фактот дека во референтниот период минатата година е издадено одобрение за градба за ветерен парк (за производство на електрична енергија од обновливи извори) во општините Штип, Радовиш и Карбинци. 

На 209 објекти (56,9  проценти) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 158 (43,1  проценти) тоа се деловни субјекти.