Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Економија

Мицкоски: Преговараме со изведувачот на Коридорот 10 Д за начинот на поврзување на експресниот пат Прилеп – Градско со автопатот Прилеп – Битола што се гради

Преговараме со изведувачот на работите на Коридорот 10 Д и, генерално, она…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Преговараме со изведувачот на работите на Коридорот 10 Д и, генерално, она што го имаме како план е да најдеме начин како да го поврземе местото на кое завршува експресниот пат со автопатската делница, која во моментот се гради, а ЈП за државни патишта во рамките на своите капацитети ги санира сите делници на кои се пријавени проблеми – изјави премиерот Христијан Мицкоски од Прилеп одговарајќи на прашањето дека стопанствениците од регионот бараат да се санира делницата Прилеп – Градско во делот на кој има оштетувања. 

– Ние сме фокусирани на завршување на автопатската делница што треба да ги поврзе Прилеп и Битола. Очекувам в година веќе првите 10-12 километри да бидат пуштени во двонасочен сообраќај. Нашиот фокус е целосно на тоа. Очекувам во рамките на рокот да биде целосно завршена оваа делница Прилеп – Битола. Се планира обиколница околу Битола и поврзување со граничниот премин Меџитлија. Исто така, преговараме со изведувачот на работите на Коридорот 10 Д и, генерално, она што го имаме како план е да најдеме начин како да го поврземе местото на кое завршува експресниот пат со автопатската делница, која во моментот се гради. Во моментот тоа е наш приоритет. Инаку, Јавното претпријатие за државни патишта, во рамките на своите можности и капацитети, ги санира сите оние делници на кои има проблем, односно на кои е констатиран проблем – изјави Мицкоски.

Премиерот Мицкоски ги повикува сите што ја користат делницата да ја користат онаа што е пуштена од експресниот пат, кој, практично, како што рече, ги поврзува Прилеп и Градско.