Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

„Вреди“: Бујар Османи живее во апсурдистанот на ДУИ

Оваа нереформирана ДУИ никако да ја разбере пораката што Албанците ѝ ја…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Оваа нереформирана ДУИ никако да ја разбере пораката што Албанците ѝ ја испратија пред една година, со десет општини запишани на контото на „Вреди“. Продолжува по старо, со истите фотелјаши што ја однесоа во пораз. Бујар Османи, како губитник на изборите и со илјадници денови стаж во власта, сè уште мисли дека Албанците им должат вечна власт. Дека треба да продолжат таму каде што застанаа, со „Соравија“, трговијата со мазут и скандалот со европските фондови во Зајас, се вели во соопштението од „Вреди“.

Законот за правична и соодветна застапеност е нивниот најголем парадокс. Две децении ја имаа власта во раце и не го донесоа. Сега, кога законот конечно се носи, со сите сили се обидуваат да го урнат. Деноноќно се повикуваат на Охридскиот договор, а со сопствени раце поткопуваат еден од неговите столбови.

А кога сме кај автопатот Скопје–Блаце, тој е црната дамка на ДУИ. Тестамент на нивното апсурдно владеење. Четири изборни циклуси го ветуваа, го цртаа и го користеа како изборна мамка, но не го изградија. Сега, кога изградбата конечно започна, без ронка срам излегуваат, коментираат и бараат заслуги. Наместо да раскажуваат приказни дека сè било готово, на Албанците им должат колективно извинување.

Реклама

Уште поинтересна е промената на односот на Бујар Османи кон Артан Груби. До вчера молчеше и се однесуваше како двајцата никогаш да не биле заедно во врвот на ДУИ. Им беше товар за партијата. Сега „црната кутија“ на партијата ја нарекува дел од „колоритот“. Дали Груби прекуноќ стана добар или Бујар се сети дека „црната кутија“ знае премногу?