Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Мултимедијалниот уметник, Страхил Петровски со изложба во Галеријата на современи ликовни уметности во Ниш

Во Галеријата на современи ликовни уметности во Нишвечерва ќе биде отворена изложбата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Галеријата на современи ликовни уметности во Нишвечерва ќе биде отворена изложбата „Архитектурата на невидливото“, заедно со циклусите „Траги“ и „Невидливи графикони“ на македонскиот визуелен и мултимедијален уметник Страхил Петровски. Изложбата претставува сегмент од неговото постконцептуално визуелно истражување, во кое се преплетуваат енформелот, материјалноста, текстурата и современите концептуални прашања. Во фокусот на неговото творештво се темите на меморијата, времето, егзистенцијализмот, како и личниот и колективниот идентитет.

Во циклусот „Невидливи графикони“, Петровски ја продолжува својата работа со материјал, текстура и апстрактни мрежи. Линиите, мрежите, дијаграмите и картографските структури се третираат како визуелни записи на дигиталниот и емоционалниот код на современиот човек. Тие не се претставени директно, туку се впишани, втиснати или скриени во слоевите на материјата.

Уметникот користи подлога, песок, пигмент, битумен, смола и индустриски материјали, создавајќи релјефни и тактилни површини. Тие асоцираат на ѕид, карпа или археолошки запис, оставајќи впечаток на површина која претрпела процеси на стареење, корозија и распаѓање.

Реклама

Материјалноста на делата е поврзана и со професионалното искуство на Петровски како конзерватор и реставратор. Преку слоевитоста, монохроматската палета и трансформацијата на текстурата и зборовите во физички објект, материјата станува носител на траги и сведок на времето. Петровски во своето творештво комбинира различни медиуми,  од сликарство и цртеж до објекти, фотографија, перформанс и видео-инсталации. Делата не се ограничуваат само на визуелното искуство, туку отвораат прашања поврзани со личната и општествената одговорност, меморијата и човековото постоење.

Страхил Петровски е роден во 1974 година во Куманово. Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, каде што завршил и постдипломски студии. Вработен е во Националниот конзерваторски центар во Скопје како консултант конзерватор-реставратор, а паралелно делува на современата уметничка сцена. Добитник е на повеќе награди и меѓународни признанија, член е на Друштвото на ликовни уметници на Македонија и има реализирано десетици самостојни и стотици групни изложби во земјата и странство. Изложбата во Галеријата на современи ликовни уметности во Ниш ќе биде отворена  до 30 септември 2026 година.