Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

„Семиња на солидарноста“: во Скопје почнува Школата за иднини на грижа

Во Скопје ќе почне „Школата за иднини на грижа“, прва фаза од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Скопје ќе почне „Школата за иднини на грижа“, прва фаза од повеќегодишниот меѓународен проект „Семиња на солидарноста – Уметнички практики и екофеминистички сојузи за грижлива иднина“, посветен на грижата како феминистичка, еколошка и уметничка практика.

Проектот обединува уметници, куратори, истражувачи, културни иницијативи и заедници од јужна и источна Европа во соработка со партнери од Австрија, со цел развивање транснационални мрежи и долгорочни сојузи преку заедничко учење и размена на знаења.

Отворањето е во КСП „Центар – Јадро“, каде што ќе има обраќања на Христина Иваноска, Маргарете Маковец и Јане Чаловски. Во рамките на настанот ќе биде отворена и групната изложба „Мислејќи со материјата: четири лекции од водата и земјата“, под кураторство на Јованка Попова, со учество на Валбона Фејза, Христина Крстеска, Викторија Попоска и Ивана Самандова.

Реклама

Во следните два дена програмата ќе се одвива на повеќе локации во Скопје, меѓу кои Водно, заедничката градина „Бостание“, реката Вардар и паркот „Вера Јоциќ“. Предвидени се перформативни прошетки, посети на локации и модерирани сесии посветени на еколошките и општествените предизвици во градот.

Организаторите посочуваат дека Школата е втемелена во локалниот контекст на Скопје и ги истражува прашањата поврзани со загадувањето, урбаната инфраструктура, заедничките простори и еколошката правда третирајќи ја грижата како практика на солидарност, заемност и колективна одговорност.

Институција домаќин на проектот е Press to Exit Project Space од Скопје, а носител е < rotor > Centre for Contemporary Art од Грац. Проектот е поддржан од Сојузното министерство за европски и меѓународни прашања на Австрија и Одделот за култура на покраината Штаерска.