Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Учениците од ООУ „Лазо Трповски“ ќе ја примат берлинската награда за проектот „Нашето патување на Јупитер“

Во ООУ „Лазо Трповски“ денеска со почеток во 10 часот ќе се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во ООУ „Лазо Трповски“ денеска со почеток во 10 часот ќе се одржи свеченост на која ќе бидат врачени наградата и дипломите освоени на Меѓународниот училишен натпревар за воздушен и вселенски сообраќај 2026 во Берлин.

Како што информира училиштето, наградите на учениците од 4а одделение и на нивните наставници-ментори Ирена Грегориќ и Стефан Симовски ќе им ги врачи директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство, Драги Стојаноски. На настанот е најавено присуство и на градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски.

Учениците од ООУ „Лазо Трповски“ наградата ја освоија за проектот „Нашето патување на Јупитер“, изработен како заедничка активност на четвртоодделенците со поддршка на нивните ментори.

Реклама

Меѓународниот натпревар традиционално се одржува во Берлин и е наменет за ученици од трето и четврто одделение. Го организира Сојузното германско здружение за воздушна и вселенска индустрија во соработка со повеќе институции и компании од областа на воздухопловството и вселенската индустрија.