Македонските спортисти кои освоија медали на Медитеранските игри во Таранто денеска ќе ги споделат своите впечатоци од настапите на прес-конференција што ќе се одржи во Македонскиот олимписки комитет (МОК) со почеток во 11 часот.
На настанот ќе се обратат претседателот на МОК, Даниел Димевски, како и медалистите Фати Вејсели, Реџеп Хајдари, Вероника Консевиќ, Ален Рустемовски и Матеј Белистојановски, кои со своите резултати ја претставуваа Македонија на Медитеранските игри во Таранто.
Од МОК посочуваат дека успешниот настап на македонските спортисти претставува потврда за нивниот квалитет, посветеност и потенцијал, како и значаен успех за македонскиот спорт.

