Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Сулејмани во посета на шест национални установи од областа на културата

Министерот за култура и туризам Седат Сулејмани денеска оствари работна посета на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за култура и туризам Седат Сулејмани денеска оствари работна посета на шест национални установи од областа на културата, со цел непосредно да се запознае со нивната работа, условите во кои функционираат и предизвиците со кои се соочуваат.

Како што соопшти Министерството за култура и туризам, посетите се дел од практиката министерот лично да ги посети сите културни установи во државата, со цел директно да се информира за нивните потреби и развојни планови.

Во рамки на посетата, Сулејмани ги посетил Македонската филхармонија, Македонскиот народен театар, Музејот на Македонија, Музејот на современата уметност, Националниот конзерваторски центар и Конзерваторскиот центар – Скопје.

Реклама

Во разговорите со директорите на институциите биле разгледани тековните програмски активности, кадровските и инфраструктурните предизвици, како и можностите за подобрување на условите за работа и зајакнување на меѓуинституционалната соработка.

Посебно внимание било посветено на подготовките за програмите за 2027 година, при што биле разгледани приоритетните проекти, финансиските потреби и можностите за нивна реализација.

Од Министерството посочуваат дека ќе продолжат со поддршка на културните установи, со цел унапредување на условите за уметничко творештво, развој на културното наследство и јакнење на културниот живот во земјата.