Копретседателката на „Алтернатива за Германија“ – Алиса Вајдел, го поздрави телефонскиот разговор меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп, оценувајќи дека токму таквиот директен дијалог претставува пат кон завршување на војната во Украина.
Истовремено, таа жестоко ја критикуваше политиката на актуелната германска влада, обвинувајќи го Берлин дека, наместо да поттикнува мировни преговори, придонесува за натамошна ескалација на конфликтот.
„За жал, германската сојузна влада, со својата политика на целосна ескалација, го прави токму спротивното, наместо да промовира мировни преговори. Со нас сè ќе се промени“, порача Вајдел.
Нејзината изјава доаѓа само три дена по големиот изборен успех на оваа партија во Саксонија-Анхалт. На покраинските избори, АФД освои 43,8 отсто од гласовите, додека ЦДУ на канцеларот Фридрих Мерц доби само 17,2 отсто.

