Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Прилози

Јаневска за лошата рангираност на ПИСА: Ефектот од новите реформи ќе се види за 10 години

Средношколците на 15 годишна возраст имаат проблем со читање и решавање математички…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Средношколците на 15 годишна возраст имаат проблем со читање и решавање математички задачи покажуваат резултатите од меѓународното тестирање ПИСА за 2025 година.  Само третина од 15 годишниците во земјава ги совладуваат основите по математика, а уште помалку достигнуваат основно ниво во читање. И ова не е проблем што ја тангира само Македонија, со оглед дека резултатите покажаа остар пад на знаењето и на учениците од европските земји во споредба со претходните години. Но домашниот проблем е сепак посложен, бидејќи и претходно резултатите на македонските ученици беа далеку под просекот на ПИСА по  математика, читање и природни науки. Според министерката Јаневска, одговорноста за ваквите резултати треба да се бара во претходните катастрофални образовни реформи.

„За жал, резултатите на ПИСА се повторно многу лоши, но сакам да потенцирам дека ова се резултати од реформите што се претходно направени. Ние на власт дојдовме во 2024 година, само шест месеци потоа во 2025 се направени овие тестирања“, изјави Весна Јаневска, министер за образование и наука.

Најслаби се резултатите во читањето со разбирање – само 26 проценти од учениците достигнале најмалку второ ниво во читање, што значи дека имаат потешкотии да ја препознаат главната идеја во текст и да донесат заклучок. Слична е состојбата и со математиката. Основното ниво го достигнале само 32 проценти од учениците, додека просекот во европските земји, е 65 проценти. Кај природните науки, основните концепти ги совладале околу 36 проценти од учениците и ниту еден од нив не достигнал највисоко, петто или шесто ниво. Како дополнителен проблем, околу половина од испитаните кажале дека користат вештачка интелегенција за училишни задачи, најмалку еднаш неделно.

Реклама

„Во 2001 година сме имале подобри резултати на читање и разбирање. Најдобри резултати сме имале во 2018 година, што, според наставниците и анализата, е резултат на реформата „Кембриџ“. Резултатите на оваа реформа, која во моментот се прави, ќе ја видиме тогаш кога овие ученици ќе наполнат 15 години, што значи некаде за 9-10 години“, изјави Јаневска.

Резултатите од тестирањето на ПИСА покажуваат дека македонските ученици и натаму значително заостануваат. Од МОН уверуваат дека ефектите од новите образовни реформи ќе се видат во наредните години.