Реклама

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Економија

„Алказар енерџи“ обезбеди 180 милиони евра за ветерниот парк во Штип

Со обезбедени 180 милиони евра „Алказар енерџи“ го заокружи финансирањето на првата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со обезбедени 180 милиони евра „Алказар енерџи“ го заокружи финансирањето на првата фаза  од проектот „Ветерен парк“ во Штип. Со тоа, како што објави денеска раководоството на компанијата, се преминува во следна фаза на реализација на инвестицијата од над 500 милиони долари. Тоа е една од трите фази што треба да овозможат 396 мегавати електрична енергија во ветерниот парк, кој ќе содржи вкупно 54 ветерни и ќе биде најголем во регионот.

– Денес завршуваме со финансиската конструкција за 131 мегават и 21 турбина, со 180 милиони евра инвестиции, што се обезбедени од ЕБРД, ИФЦ, Ерсте банка заедно со Шпаркасе банка. Не можам да го кажам името на компанијата, но можам да кажам дека таква компанија покажува доверба во држава како Македонија – рече Даниел Колдерон, коосоновач и генерален директор на „Алказар енерџи“ на настан во Штип во присуство на премиерот Христијан Мицкоски, министри и претставници на финансиските партнери.  

- Денес завршуваме со финансиската конструкција за 131 мегават и 21 турбина, со 180 милиони евра инвестиции што се обезбедени од ЕБРД, ИФЦ, Ерсте банка заедно со Шпаркасе банка. Не можам да г

Колдерон најави дека кога ќе биде готов ветерниот парк, ќе обезбедува енергија за 148.000 домаќинства, ќе бидат заштедени 570 илјади тони ЦО2, а ќе се овозможат речиси 300 вработувања.

Реклама

Ја нагласи соработка со локалните власти и населението, при што посочи дека премиерот Христијан Мицкоски уште првиот ден покажал како треба да се третираат странските инвеститори, со што, посочи, се отвора патот за нови инвестиции. Ја потенцира и поддршката од надлежните министерства за добивање на потребните дозволи, активностите за законските промени, а ги истакна природните ресурси  и професионалноста на кадарот во државата.

Завршувањето на финансиската конструкција, како што рече Колдерон, претставува почеток на убава приказна за проектот почнат уште во 2008 година за кој во јуни 2024 година, по доаѓањето на новата влада, беше потпишан договорот, со што оцени дека се покажало нејзиното лидерство за спроведување вакви проекти. – Ова е круна на двегодишната работа тука, „Алказар“ е и ќе остане значаен партнер на Владата, посочи тој, истакнувајќи дека набргу ќе се затвори и финансиската конструкција за ветерните паркови во Карбинци и Радовиш.