Општина Демир Хисар објави јавен повик за субвенција од 10.000 денари за секој новозапишан ученик во гимназиско образование во средното општинско училиште „Крсте П. Мисирков“ во Демир Хисар.
За остварување на правото на субвенционирање на семејствата кои имаат ученик запишан во прва година, се поднесува барање за еднократна финансиска помош до Општина Демир Хисар, соопштија од секторот за односи со јавност.
Пријавувањето за субвенција завршува на 10 септември, до кога треба да се обезбеди соодветна документација за аплицирање, вклучувајќи и потврда за запишан ученик во прва година за прв пат, во учебната 2026/2027 година издадена и заверена од средното општинско училиште „Крсте П. Мисирков” Демир Хисар.м

