Реклама

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Македонија

Амбасадата на Македонија и македонскиот КИЦ во Загреб одбележаа 35 години независност

Амбасадата на Македонија во Хрватска и македонскиот Културно-информативен центар во Загреб со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Амбасадата на Македонија во Хрватска и македонскиот Културно-информативен центар во Загреб со свечен прием и врвна културно-уметничка програма го одбележаа 8 Септември, еден од најзначајните датуми во поновата македонска историја во знакот на 35 години независност на Македонија, соопшти македонскиот КИЦ во Загреб.

Свеченоста се одржа во Хрватскиот државен архив во Загреб и присуствуваа високи претставници на државни институции, дипломатски претставници на амбасадите акредитирани во Република Хрватска, верски великодостојници, високи претставници на Македонската православна црква во Хрватска, Македонци кои живеат во Хрватска, како и бројни гости.

Во своите обраќања, амбасадорот на Македонија во Хрватска, Драган Ѓурчевски, директорката на Македонскиот КИЦ во Загреб, Мими Ѓоргоска-Илиевска, и директорот на Македонскиот државен архив, Димитар Богески, истакнаа дека 8 Септември е повеќе од државен празник – тој е симбол на државноста, на достоинството и на националното заедништво.

Реклама

КИЦ во Загреб информира дека свечената програма почна со интонирање на хрватската и македонската државна химна, „со моќна и импресивна изведба на професионалниот хор „Про арс“, под диригентската палка на маестро Сашо Татарчевски“.

-Централниот дел од прославата беше свечениот концерт на македонска хорска музика на меѓународно реномираниот хор „про арс“ под диригентство на Татарчевски, со дела од македонски композитори, инспирирани од македонската историска традиција и изложбата на македонскиот Државен архив, „Архивските документи – столб на македонскиот идентитет“ на авторите Бранислав Светозаревиќ, Марина Ѓоргиевска и Никица Тасевска. „Про арс“ со својата маестрална интерпретација и силен емотивен набој ѝ даде посебна свеченост на вечерта, претставувајќи ја убавината, богатството и живата сила на македонската музичка традиција, а изложбата на Македонскиот државен архив – „Архивските документи – столб на македонскиот идентитет“ создаде впечатлива целина во која македонската култура и историја беа претставени на најдостоинствен начин. Музиката и архивскиот документ, секој на свој начин, ја раскажаа истата приказна – приказната за еден народ, за неговата колективна меморија и за неговата вековна борба за сопствена држава. Централниот настан по повод одбележување на 35 години независност на македонската држава во Хрватскиот државен архив во Загреб носеше длабока порака: архивскиот документ го чува паметењето, музиката го оживува, а културата го претвора во трајна врска меѓу луѓето и државите. Вечерта беше збогатена и со дегустација на македонска храна и вино, се наведува во соопштението. 

КИЦ Загреб посочува и дека во текот на септември во Загреб и Хрватска ќе следуваат уште десетици културни настани по повод 35 години независност на Македонија како дел од годишната програма на македонскиот КИЦ во Загреб, поддржана од Министерството за култура и туризам.