– Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска ќе престојува во општина Штип.
Како што соопшти Владата, Мицкоски ќе ја посети компанијата „Алказар Енерџи“, каде ќе има и обраќање, а потоа ќе присуствува на отворањето на спортската сала „Џексон“ во Штип, по што ќе даде изјава за медиумите.

