Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Божиновска: 35 години независна Македонија – слободна, силна и енергетски самостојна

​Денеска, со гордост и длабок почит го одбележуваме 35 години од денот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

​Денеска, со гордост и длабок почит го одбележуваме 35 години од денот кога македонскиот народ со непоколеблива волја ги стави темелите на суверена и самостојна Македонија. ​Наша обврска и неуморна задача за да изградиме држава во која идните генерации ќе живеат достоинствено е да го трансформираме енергетскиот систем, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, во својата честитка по повод Денот на независноста на Македонија – 8 Септември.

Таа нагласи дека како министерка за енергетика, рударство и минерални суровини, нејзината заложба е јасна, а тоа е Македонија да биде енергетски независна држава.

-​Како министерка за енергетика, рударство и минерални суровини, мојата лична и политичка заложба е јасна: Нема вистинска државна независност без енергетска независност. ​Не можеме да говориме за силен суверенитет додека зависиме од туѓи енергетски кризи и увоз – нагласи Божиновска.

Реклама

-Македонија има потенцијал и знаење за сами да ја управуваме нашата енергетска иднина! ​Нашата татковина заслужува да биде силна, економски стабилна и енергетски самостојна. Тоа е нашата борба денес, тоа е новиот генерациски завет за Македонија. ​Честит 8 Септември, Денот на независноста! Да ни е вечна, силна и горда Македонија! – истакна министерката.