Српската влада денеска треба да одржи вонредна седница на која премиерот Ѓуро Мацут ќе предложи распуштање на парламентот и распишување избори. Како можен најран датум за нивно одржување се споменува 25 октомври. Вучиќ претходно најави дека ќе поднесе оставка на претседателската функција за да може да ја води предизборната кампања, иако законот му дозволува во неа да учествува и како претседател на земјата.