Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Денот на независноста го честитаа градоначалниците од дебарскиот регион и СМИР

По повод 8 Септември Денот на независноста и 35-годишнината од нејзиното прогласување,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По повод 8 Септември Денот на независноста и 35-годишнината од нејзиното прогласување, градоначалниците на Дебар, Маврово и Ростуше и Центар Жупа, и Сојузот на Македонците со исламска религија (СМИР), упатија честитки до сите граѓани на нашата држава.

„8 Септември е ден кој ја симболизира слободата, независноста и стремежот кон подобра иднина. Да продолжиме заеднички да градиме демократско, развиено и европско општество, со еднакви можности за сите. Честитаат 8 Септември – Денот на независноста, стои во честитката на дебарскиот градоначалник, Фисник Меља.

Од свое и од име на општинската администрација, честитки по повод 8-ми септември упати градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше, Онер Јакупоски.

Реклама

-Овој историски ден е потсетник за визијата и заедничкиот стремеж за слободна, суверена и просперитетна држава. Во изминатите три и пол децении, нашата заедница беше и останува силен пример за единство, меѓусебно почитување и богата традиција на соживот која гордо ја негуваме во нашиот регион. Со одговорна работа, посветеност и вложување во секое населено место, продолжуваме заедно да градиме подобра иднина за сите наши граѓани и идни генерации. Нека ни е честит 8 Септември — Денот на независноста на Република Македонија, наведува Јакупоски во честитката

Честитка по повод денешниот празник до сите македонски граѓани упати и Аријан Ибраим, градоначалник на Општина Центар Жупа, како и Латиф Пајкоски, претседател на СМИР.