Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

ОМД: Од Европа, преку Македонија, до САД, илјадници километри нè делат, но едно знаме, една историја и една татковина нè обединуваат

По повод 35 години од независноста на Македонија, Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД)…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По повод 35 години од независноста на Македонија, Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) овој септември го одбележува Денот на независноста со серија на настани кои симболично ги поврзуваат Македонците од татковината и дијаспората. Прославата започна на 6 септември во Малме, Шведска, каде Македонците го прославија Денот на независноста на уникатен начин,  со пловидба по каналите на Малме, исполнета со македонски знамиња, музика и заедништво., се наведува во соопштението на ОМД.

Денес, на 8 Септември, прославата продолжува од Скопје, од срцето на Македонија, каде заедно ја славиме слободата, независноста и правото на македонскиот народ самостојно да ја гради својата иднина.

Но септемвриското одбележување на македонската независност не завршува тука.

Реклама

На 26 септември во Њујорк, македонското знаме ќе биде свечено подигнато на церемонија посветена на Денот на независноста, носејќи ја Македонија и македонската приказна во еден од најпрепознатливите градови во светот.

6 септември – Малме.
8 септември – Скопје.
26 септември – Њујорк.

Од Европа, преку Македонија, до САД, илјадници километри нè делат, но едно знаме, една историја и една татковина нè обединуваат.

35 години независна Македонија.
35 години гордост, истрајност и надеж.
Каде и да сме, Македонија е со нас.

Нека ни е честит 8 Септемвр, Денот на независноста на Македонија!