Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Министерот Стоилковиќ со честитка по повод 8 Септември – Денот на независноста

По повод 8 Септември – Денот на независноста, во мое лично и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По повод 8 Септември – Денот на независноста, во мое лично и во име на Министерството за локална самоуправа, упатувам искрени честитки до сите македонски граѓани. Оваа година со посебна гордост одбележуваме 35 години независност, три и пол децении исполнети со предизвици, достигнувања и искуства кои го трасираа патот на нашата држава – се вели во честитката од министерот за локална самоуправа Иван Стоилковиќ, по повод 8-ми Септември. 

На 8 септември 1991 година граѓаните ја изразија својата историска волја за самостојна и суверена држава. Тоа беше чин на политичка зрелост и решителност со кој беа поставени темелите на современата македонска државност. Денес, 35 години подоцна, наша одговорност е да го чуваме и надградуваме она што го создадоа генерациите пред нас. Да градиме држава со силни институции, развиени локални заедници, еднакви можности и рамномерен развој, држава која создава услови за достоинствен живот и сигурна иднина за сите свои граѓани.

Како Министерство за локална самоуправа веруваме дека развојот на државата започнува и се потврдува во секоја општина, во секое насМинистерот за локална самоуправа Иван Стоилковиќ со честитка по повод 8 Септември – Денот на независностаелено место и во секоја локална заедница. Само со заедничка посветеност, одговорност и соработка можеме да создадеме посилна и попросперитетна Македонија.

Реклама

Нека овој голем јубилеј биде повод со гордост да го погледнеме патот што го изодевме, но и со одлучност да погледнеме кон иднината. Да продолжиме да ја градиме државата со почит кон нејзината историја, со одговорност кон сегашноста и со визија за генерациите што доаѓаат.