Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Шасивари: Независноста нè обединува, правдата нè изедначува, Европа е нашата иднина

Денес го одбележуваме 8 Септември – Денот на независноста на Републиката, еден…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денес го одбележуваме 8 Септември – Денот на независноста на Републиката, еден од најзначајните датуми во нашата современа историја. Независноста е историско достигнување, но пред сè е одговорност секојдневно да ја градиме и зајакнуваме државата – се вели во честитката од министерот за правда Јетон Шасивари. 

Силна држава е држава во која законот е еднаков за сите, правдата е независна, а институциите се професионални, одговорни и доверливи.

Македонија е држава на различни граѓани, но со заедничка иднина. Нашата етничка, јазична и културна различност не е слабост – таа е вредност и сила на нашата држава.

Реклама

Како Министер за правда, верувам дека патот кон Европската Унија минува преку владеењето на правото, одржливите реформи, почитувањето на човековите права, еднаквоста пред законот и институциите кои обезбедуваат правда за сите, без разлика.

Европа не се гради само со декларации. Европа се гради со добри закони, силни институции и правда која функционира.

На овој значаен ден, да продолжиме заедно да градиме држава поправедна, посилна и поевропска.

Оваа земја е наша чест, наша иднина и наша љубов. Нашиот вистински избор е да ја градиме, зајакнуваме и воздигнуваме за генерациите што доаѓаат.

Среќен 8 Септември – Денот на независноста!

Независноста нè обединува. Правдата нè изедначува. Европа е нашата иднина.

Нека биде секогаш благословена наша Македонија!