Реклама

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Македонија

Статистички портрет на 35 години независна Македонија: Помодерна и побогата, но со сè помалку жители

Од држава со околу два милиони жители, многу помалку автомобили и ограничен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од држава со околу два милиони жители, многу помалку автомобили и ограничен пристап до технологија, до земја која е во чекор со дигитализацијата, а интернетот е секојдневие, со просечна нето плата од речиси 50 000 денари и странски туристи кои бројат стотици илјади годишно. Но, зад статистиката стои и една друга Македонија – со помалку жители, помалку ученици и силен иселенички бран.

Три и пол децении по прогласувањето на независноста, животот во Северна Македонија во многу нешта е драматично различен од оној во 1991 година. Денес мобилниот телефон, интернетот, автомобилот и евтините авионски летови се дел од секојдневието. Истовремено, демографската слика е една од најголемите причини за загриженост – земјата старее, бројот на деца се намалува, а стотици илјади граѓани живеат и работат надвор од државата.

Во истиот период, економијата значително пораснала. Бруто-домашниот производ се зголемил од околу 4,7 милијарди долари на повеќе од 19 милијарди долари, додека просечната нето-плата достигнала над 49 илјади денари. Можеби најдобар показател за напредокот е и фактот што очекуваниот животен век е продолжен за околу пет години, од 72 години во 1991 на 77 години во 2024 година. Тоа укажува на подобри услови за живот и подолг животен век на населението.

Реклама
Стабилно време, преку ноќ студено, со ниски утрински и дневни температури во постепен пораст, најавува УХМР за следната недела.

Македонија денес е и значително подигитализирана и подобро поврзана со светот. Над 90 проценти од домаќинствата имаат пристап до интернет, бројот на автомобили по жител е речиси тројно поголем отколку во 1991 година, а земјата бележи рекорден број туристи и патници во авиосообраќајот.

Промени има и во образованието. Бројот на студенти и високообразовни институции е повеќекратно зголемен, но истовремено училиштата се соочуваат со сè помал број ученици поради негативните демографски трендови.

Бројките покажуваат дека Македонија во изминатите 35 години станала помодерна, поотворена и економски поголема држава. Но, истовремено, намалувањето на населението, иселувањето и стареењето остануваат најголемиот предизвик за идниот развој на земјата.

Од два милиона жители до преполовен наталитет и демографски пад

Кога Македонија ја прогласи независноста во 1991 година, во земјата живееја околу два милиона жители – 2 033 964. Првиот официјален попис спроведен по прогласувањето на независноста на земјата е во 1994 година кога земјата брои 1.945.932 жители.  Денес официјалната статистика покажува значително поинаква слика. Трендот на стареење на населението кој е присутен во светски рамки, се забележува и во Македонија. Во периодот од 1994 до 2025 година, учеството на населението на возраст од 0 до 14 години во вкупното население е намалено од 20.2% на 16.2%, а учеството на населението на возраст од 65 и повеќе години е зголемено од 11.7 % на 18.8%. 

Според последниот попис, спроведен во 2021 година, во земјата биле евидентирани 1.836.713 жители, а последната проценка на населението на Државниот завод за статистика, покажува дека на 31.12.2025 година во Македонија има 1 819 074 жители. За десет години бројот на населението во земјата се намалило за 95 813 лица, односно сме изгубиле население колку Куманово.  

Училиштата и учениците да ги почитуваат препораките на Комисијата за заразни болести и одлуката на владината комисија за начинот на одржување на наставата, апелираше денеска Министерството за

Демографската промена особено се гледа кај најмладите. Од вкупно запишани 249 375 ученици во основните училишта во учебната 2000/2001, во учебната 2010/2011 таа бројка се намалува на 204 439 ученици, а во учебната 2020/2021 година на 187 555 ученици. Негативниот тренд продолжува и во учебната 2025/2026 година во основните училишта имаме вкупно 174 040 ученици. За 25 години бројот на ученици во основните училишта е намален за 75.335 ученици, односно за 30,21%.

Природниот прираст, според податоците на Државниот завод за статистика, во 1991 е позитивен и изнесува 9,8 лица на 1 000 жители, додека во 2025 година дражавата бележи негативен природен прираст од -2,4 лица на 1 000 жители. Природниот прираст од независноста на државата е во постојан пад, а по 2019 година имаме негативен природен прираст. 

Околу 3,2 милиони стари лица во Германија се под границата на сиромаштија, што е за 215.000 повеќе од минатата година, а дури 803.000 повеќе од 2010 година.

Стапката на наталитет во периодот од независноста досега бележи тренд на опаѓање и речиси е преполовен. Бројот на живородени на 1 000 жители е намален од 17, 1 во 1991 година, на 13,3 во 2001 година, 11,1 во 2011 година, се до 8,7 во 2025 година. Само во последните десет години во периодот од 2015 до 2025 година, бројот на живородените деца се намалил за 7 225.

Тоа значи дека во Македонија денес се раѓаат и живеат се помалку луѓе од пред 35 години, а демографскиот пад станува економски и општествен проблем.

Дополнително и бројот на бракови споредно со 1994 е намален за една третина, додека разводите се зголемиле за над 250 проценти. Тоа значи дека луѓето се потешко се одлучуваат за стапување во брак, а се полесно се одлучуваат да го поништат бракот.

Според првите статистички податоци бројката на склучени бракови во 1994 година изнесувала 15.736, а на разводи 612, додека во 2025 година склучени се 10 507 бракови и 2 185 разводи. 

Разводите денес се значително почести во однос на бројот на новосклучени бракови. Учеството на разводите во однос на вкупниот број склучени бракови пораснало од 3,9% на 20,8%, што е за 5,3 пати повеќе.

Платата – од недостиг на стабилност до близу 50 илјади денари

Една од најголемите промени во изминатите 35 години е номиналниот раст на платите.

Директната споредба со 1991 година мора да се прави внимателно поради деноминациите, инфлацијата и промените во статистичката методологија. Сепак, разликата во номиналните износи е голема.

Просечната нето-плата по вработен во 1993 година изнесувала 3 782 денари, додека во 2025 година изнесувала 45.198 денари, а последните податоци покажуваат дека таа изнесува речиси 50 000 денари. 

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС) денеска организира конференција на тема „Ефектите од покачувањето на минималната плата врз останатите плати“.

Во периодот 1993-2015 година, според статистика, се забележува номинално зголемување на просечната нето-плата од 479 проценти и реален пораст од 45 проценти. Во 2015 година, исплатената нето-плата изнесувала 21 906 денари, што значи платата во последните десет години има номинален раст од 106%, додека проценката за чистиот реален пораст на стандардот е околу 30% до 35%.

Сепак, улогата на инфалицјата покажува дека на хартија платите во првите 20 години од независноса се зголемиле речиси шестпати, но куповната моќ пораснала за околу 45%, додека само во последните десет години платите номинално се удвоиле, но реално стандардот пораснал за околу една третина.

Сепак, просечниот вкупени расположлив приход, по домаќинство, само од 2010 до 2024 година е речиси дуплиран, од околу 280 илјади денари во 2010 година, на речиси 600 илјади денари во 2024 година. 

Но, повисоката плата не значи автоматски и пропорционално повисок животен стандард. Во изминатите 35 години пораснаа и цените, особено на домувањето, храната и услугите. Затоа вистинската споредба не е само „колку денари заработувал човек тогаш и колку денес“, туку колку производи и услуги можел да купи со една просечна плата.

Низ годините пазарната вредност, стабилноста на валутата и цените на производите драстично се разликуваат. Додека во 90-тите години Македонија се соочуваше со хиперинфлација и транзиција, во 2025 година се забележува номинално повисока плата, и стабилен курс, но под притисок од растот на трошоците за живот.

- Стартува акцијата „Новогодишна кошница“ со која до 15 јануари над 900 производи опфатени со акциската листа треба да се продаваат по пониски цени за 10 проценти.  Акциската листа опфаќа леб

Храната по осамостојувањето е релативно евтина во однос на другите добра, со една просечна плата во 1995 година можеле да се купат околу 750 векни леб или околу 220 литри зејтин, додека денес може да се купат околу 900 векни леб или над 480 литри зејтин. 

Денес технологијата е масовно достапна и поевтина. Со една просечна плата денес можете да купите два телевизори или две машини за перење од средна класа, додека за да се купи телевизор во боја или машина за перење, во 1991/95 биле потребни 2 до 3 цели просечни плати.

За најевтиниот нов автомобил на пазарот во 1991/95 година, на пример Југо Корал 45, биле потребни околу 30 до 33 тогашни просечни плати, додека денес за нов автомобил во економска класа, коишто чинат помеѓу 15.000 и 20.000 евра, се потребни помеѓу 20 и 28 просечни плати.

БДП – мала економија, но значително поголема од почетокот на независноста

И економската големина на државата е значително променета. 

Бруто домашниот производ, според податоците на Државниот завод за статистика во 1991 година изнесува 968 милиони денари, во 2000 се зголемува на 248 646 милиони денари, а во 2010 достигнува 437 295 милиони денари. Во 2020 година БДП-то на земјата достигнува 669 280 милиони денари, за во 2025 година да порасне на 1 043 880 милиони денари. 

Според податоците на Светската банка, БДП на Македонија во 2025 година достигнал околу 19,1 милијарди американски долари, а БДП по жител околу 10.490 долари. За споредба, во 1990 година БДП изнесувал околу 4,7 милијарди долари, а БДП по жител околу 2.277 долари, според податоците на Светската банка. 

Бруто домашниот производ од независноста до 1995 годна е негативен, по што следи благ раст и повторно негатива во 2001 година од -3,1%. Македонската економија во просек растела со околу 3,1% годишно во периодот 2002-2019 година, за во 2020 година повторно да се намали за -4,7 проценти, по што повторно следува раст во следните пет години.

Во изминатите 35 години има и значителна промена на структурата на БДП. Така во 1991-та 29.8% од вкупните активности отпаѓале на индустријата и градежништвото, 11.4% на земјоделството, а 56.8% на секторот услуги. Во 2010-та, пак, индустријата и градежништвото опфаќале 24.3%, земјоделството 9.8%, а услугите 65.9%. Во структурата на бруто-домашниот производ во 2024 година најголемо учество од 56.2 % има секторот услуги.  Индустријата и градежништво учествуваат со 24.1 %, а секторот земјоделство со 6.1 %.

Во 2025 година најголем удел во структурата на БДП имаат услугите (57%), потоа индустријата и градежништвото (24,1%), нето-даноците (13%) и земјоделство, шумарство и рибарство (6%).

Тоа значи дека Македонија се трансформирала од економија во која индустријата и земјоделството заедно сочинувале над 40% од активноста, во економија во која услугите се доминантен двигател на растот. Земјоделството речиси го преполовило своето учество, индустријата го задржала уделот околу една четвртина од БДП, а услугите станале главен носител на економската активност и вработеноста. 

Македонија бележи бавно, но континуирано приближување кон просекот на ЕУ по БДП по глава на жител. Нивото на бруто-домашниот производ на Република Македонија, по жител, изразен во волуменски индекси на БДП по глава на жител, во 2005 година е  70% под просекот на Европската Унија, во 2015 година е 63%, додека во 2025 година е 57% под просекот на Европската Унија. Тоа значи дека просечниот жител на ЕУ има повеќе од двојно повисок економски производ по жител од македонскиот.

Надворешно-трговската размена на Македонија во изминатиот 35-годишен период се карактеризира со континуирано зголемување на обемот на стоковната размена, со паралелно зголемување на вредноста и на увозот и на извозот. Од по околу 1,2 милијарди долари увоз и извоз на стоки во 1991 година, во 2025 година извозот достигнува околу 9 милијарди долари, додека увозот околу 13 милијарди долари. 

Најголемата промена во македонската надворешна трговија по независноста не е само растот на обемот, туку промената на нејзината структура. Македонија од економија што во 1991 зависела од југословенскиот пазар и извезувала текстил, тутун и метали, прераснува во економија длабоко поврзана со европската автомобилска индустрија и пазарот на ЕУ. Сепак, еден проблем останува непроменет повеќе од три децении: земјата речиси постојано увезува повеќе отколку што извезува, односно има хроничен трговски дефицит.

Во периодот јануари – декември 2025 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Кина, Грција и Србија, кои учествуваат со 47.8 % во вкупниот обем на размената. Земјите членки на Европската Унија учествуваат со 58.9 % во вкупната размена.

Македонија на четири тркала

Во 1991 година автомобилот сè уште бил значаен статусен симбол и во многу семејства едно возило го користело целото домаќинство.

Денес ситуацијата е сосема поинаква. Македонија по независноста била земја со релативно низок степен на моторизација, типичен за доцната Југославија. Денес бројот на автомобили по жител е повеќекратно поголем и автомобилот станал основно превозно средство за најголем дел од населението.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нем

Од независноста до денес, бројот на автомобили по жител во Македонија се зголемил приближно 2,5 пати. Од 122 автомобили на 1000 жители во 1991 година, во 2025 имаме 338 автомобили на 1000 жители. 

Возниот парк се проширил побрзо од растот на населението, што покажува значително зголемување на достапноста на автомобилите и раст на потрошувачката моќ. 

Должината на автопатите во Македонија од независноста до 2025 година, исто така е зголемена, од приближно 120 километри на околу 347 километри, што значи дека мрежата е повеќе од двојно проширена. Најголемиот дел од таа експанзија се случил по 2005 година и во 2010 година достигнува 251 километар.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

Од „стојадин“, „југо“ и „голф“ до електрични автомобили, SUV-модели и возила со дигитални системи за асистенција – промената во автомобилскиот парк е една од највидливите слики на 35-годишната трансформација.

Во 2025 година во земјата биле регистрирани 727.240 патни моторни возила, од кои 615.382 биле патнички автомобили. Од нив најголемиот дел се дизел (63,8%) и бензин (25,7%), додека електричните и хибридни возила учестуваат со околу 1,5 проценти. 

Од чекање телефонска линија до интернет во секој дом

Ако постои една област во која промената е речиси невозможно да се измери само со статистика, тоа е технологијата.

Во 1991 година фиксниот телефон беше основната комуникациска алатка, телевизорот имаше ограничен број канали, а компјутерот беше далеку од секојдневниот живот на просечното домаќинство.

 Министерството за внатрешни работи презема мерки и активности за расчистување на случајот со  затворената група „јавна соба“ на социјалната мрежа „Телеграм“ на која се објавувани фотографии

Денес мобилниот телефон е истовремено телефон, фотоапарат, телевизор, навигатор, банка, билетарница и пристап до светот.

Според Светската банка, во 2025 година 93 отсто од населението во Северна Македонија користело интернет.

Тоа е можеби најголемата технолошка промена во секојдневниот живот во периодот на независноста.

Според податоците на Државниот завод за статистика во 2025 година 91,2% од домаќинствата имале пристап до интернет дома, 79,1% од населението користело интернет неколку пати дневно, а 60,3% од граѓаните нарачале или купиле производи/услуги преку интернет во последните 12 месеци.

Ова покажува дека Македонија е блиску до просекот на ЕУ во користење на интернет и дека онлајн купувањето станало масовна појава.

Од неколку илјади студенти до масовно високо образование

Промената е голема и во образованието.

Државните статистички податоци покажуваат дека во учебната 1991/1992 година на високообразовните установи имало околу 27.000 студенти на универзитетско образование, а денес бројот на високообразовните студенти е повеќе од двојно поголем во однос на почетокот на независноста. 

Младински образовен форум (МОФ) денеска ќе ги промовира истражувањата за студентскиот стандард: „Анализа на јавни набавки во студентските домови“ и  „Крпен студентски живот – истражување за ж

Според податоците на Државниот завод за статистика, стапката на пораст на запишани студенти на високите стручни школи и факултетите е многу поголема од онаа на учениците во средните училишта. Во академската 1991/1992 година биле запишани приближно 27.027 студенти, за во академската 2025/2026 таа бројка да се зголеми на 55 036 студенти што е раст за околу 103 проценти повеќе. 

Во основното образование, од година на година се намалува бројот на влезната генерација, како и вкупниот број ученици. Бројот на запишани ученици во основно образование во учебната 2025/2026 година е помал за 6.5 % во споредба со 2015/2016 година. Состојбата со запишаните ученици во средното образование, исто така, бележи намалување. Бројот на запишани ученици во средното образование, во учебната 2025/2026 година, во споредба со 2015/2016 година, е намален за 15.9 %. Бројот на запишани студенти во 2025/2026 година е намален за 8 % во споредба со 2015/2016 година.

Историските статистички податоци покажуваат и драматичен пораст на бројот на високообразовни институции. Од 26 факултети и 1 108 професори во 1991/1992 година, бројот постепено растел, паралелно со масовното ширење на високото образование. Во 2025/2026 година има 128 факултети со 3 339 професори. 

Во годините од незаисноста бројот на дипломирани студенти во високообразовните установи значително е зголемен. Од 91 дипломиран доктор, 100 магитри и 4 специјалисти во 1991 година, во 2015 година имаме 246 дипломирани доктори, 2202 магистрии и 238 специјалисти.  Во 2025 година звањето доктор на науки го стекнале 245 лица, звањето магистер на науки 1558 и 297 специјалисти. 

Но, тука повторно се појавува демографскиот парадокс: Македонија денес има многу повеќе можности за високо образование, но има сè помалку млади луѓе.

Македонија како туристичка дестинација

И туризмот претрпе голема трансформација.

Во 1991 година Македонија регистрирала околу 710 илјади туристи, од кои 415.955 домашни и 294.323 странски. Вкупниот број ноќевања бил околу 2,74 милиони.

Бројот на туристите во октомври 2020 година бил 33 929 што е намалување за 65,1 отсто во однос на истиот месец лани, а бројот на ноќевањата 80 612 што е пад за 59,7 проценти.

Во 2025 година, според Државниот завод за статистика, земјата регистрирала 1 336 597 туристи, од кои 31.5 % се домашни туристи, а 68.5 % се странски туристи. Во споредба со претходната година, се забележува зголемување на странските туристи за 10.3 %. 

Бројот на ноќевањата во 2025 година изнесува 3 323 210, од кои 50.9 % се од домашните туристи, а 49.1 % од странските туристи. Во споредба со претходната година, бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 6.4 %.         

Тоа значи дека за 35 години бројот на туристи е значително зголемен, но структурата е драматично променета: странските туристи денес се речиси двојно побројни од домашните.

Македонија од земја чиј туризам во голема мера се потпираше на домашните гости и туристите од поранешна Југославија, постепено се претвори во дестинација за туристи од Турција, Србија, Грција, Бугарија, Полска, Германија и други земји.

Во првите 25 години Република Македонија ја посетиле 5 812 614 странски туристи кои оствариле во просек по 2.2 ноќевања. Оваа бројка е дуплирана во последните десет години, кога купно 6 521 038 странски туристи ја посетиле Македонија од 2015 до 2025 година.  

Во 2025 Македонија привлекува 3,1 пати повеќе странски туристи отколку во годината на независноста. И покрај падот за време на пандемијата во 2020 и 2021 година, туризмот се опоравил силно и во 2025 достигнал историски рекорд со околу 916 илјади странски туристи, што е речиси двојно повеќе отколку во 2015 година и повеќе од трипати повеќе отколку во 1991 година.

Патувањата – од пасош и визи до евтини летови

И начинот на кој граѓаните патуваат е речиси непрепознатлив. Во првите години од независноста патувањето во странство значеше долги патувања со автомобил или автобус, ограничени авионски линии и многу посложени административни процедури.

Авиокомпанијата Изиџет (еasyJet) од 1 ноември влегува на македонскиот авијациски пазар со авиолинија од Женева до Скопје, три пати неделно, секој понеделник, четврток и петок.  Од ТАВ Македон

Денес граѓаните можат за неколку часа да стигнат до голем број европски дестинации со директни или нискобуџетни летови. Интернетот овозможи хотелот, авионскиот билет, осигурувањето и превозот да се резервираат од мобилен телефон.

Патувањето од луксуз и исклучок стана многу подостапна форма на потрошувачка.

Авиосообраќајот е една од областите каде Македонија доживеала најголема трансформација по независноста. Од земја со ограничен број линии и претежно југословенска мрежа, Македонија прерасна во пазар поврзан со десетици европски градови и со над 3,5 милиони патници годишно.

Најголемата пресвртница беше периодот по 2010 година со преземањето од ТАВ, изградбата на новиот терминал и доаѓањето на нискобуџетните авиокомпании. 

Во 2019 аеродромот во Скопје првпат надминал 2 милиони патници, додека во 2025 година земјата има рекорден број патници и повеќе од 50 директни редовни и сезонски дестинации.

Но, што е со животниот стандард?

Тука одговорот не е едноставен.

Во 35 години Македонија доби модерни автомобили, мобилна телефонија, интернет, повеќе факултети, поголем туристички сектор, подобра инфраструктура, повеќе трговски центри и далеку поголема поврзаност со Европа.

Но, истовремено, останаа или се појавија нови проблеми – ниската продуктивност, иселувањето, стареењето на населението, нерамномерниот регионален развој, ниската куповна моќ за дел од населението и високата зависност од увоз.

Скопје со повеќе активности и манифестации ќе одбележи 57 години од катастрофалниот земјотрес во 1963 година, во кој 1.070 луѓе го загубија животот, а 3.000 беа повредени. Оваа година, поради

Денес државата има повеќе автомобили, но и повеќе сообраќај. Има повеќе туристи, но помалку жители. Има повеќе дипломирани, но дел од најобразованите заминуваат во странство. Има многу поголем БДП, но и многу повисоки трошоци за живот.

Порастот на инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во Република Македонија беше највисок во првите четири години од осамостојувањето и тоа 110.8% во 1991, 1 511.3% во 1992, 362.0% во 1993 и 128.3% во 1994. Од 2011- 2015 година бележиме ниска стапка на инфлација. Во 2015 и 2016 беше регистрирана дури и блага дефлација, додека во 2022 следува ценовен шок и годишна инфлација од 14,2% што е највисока од почетокот на 2000. Стапката почна да се намалува и во 2024 имаме 3,5% и 2025 4,1% инфлација. 

Кога се разгледува промената на навиките на потрошувачите, не може да се занемари фактот дека некои производи кои сега се присутни во домаќинствата, пред дваесетина години воопшто не се употребуваа. Во 2000 година, 7.9% од домаќинствата располагаа со персонален компјутер поврзан на интернет, во 2010, 47.0%, додека во 2015, 63.0%. Патнички автомобил во 1995 година имале помалку од половина домаќинства, односно 46,4%, додека во 2015 56,5%. Во 2000 година, само 5.2% од домаќинствата поседуваа барем еден мобилен телефон, а во 2015 година 85.6%

Висината на цените влијае на количината на производи кои можат да се купат со една просечна плата. На пример, во 2011 година со една просечна нето-плата можеле да се купат 249 л масло за јадење, а во 2015 година, 337 л. Во 2015 година, со една просечна нето-плата граѓаните можеле дакупат 438 кг леб, што е за 47 кг повеќе отколку во 2011 година. Во 2025 година, со една просечна нето-плата, граѓаните можеле да купат приближно 520 литри масло за јадење и околу 690 килограми леб. 

Просечното домаќинство во Северна Македонија наменува околу 66.9 % од својата потрошувачка за задоволување на основните потреби како храна, облека, домување и покуќнина. Во структурата на приходите, во 2025 година преовладуваат примањата врз основа на редовна и повремена работа со 68.9 %, пензиите учествуваат со 23.7 %, примањата од земјоделството со 4.3 %, примањата од странство со 1.1 % и социјалните бенефиции со 0.7 %.

35 години независност – две лица на една држава

Бројките покажуваат дека Македонија во 35 години не останала иста земја. Економијата е поголема, платите се номинално многу повисоки, бројот на автомобили е драстично зголемен, интернетот стана масовен, високообразовниот систем се прошири, а бројот на странски туристи достигна историски нивоа.

Времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет, особено претпладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Но, демографската статистика испраќа поинаква порака. Од околу два милиона жители во почетокот на независноста, земјата стигна до околу 1,8 милиони жители. И тоа станува голем предизвик. Но, тоа не е случај само со Македонија. Така, Бугарија денес има околу 7 милиони житечи наспроти 9 милиони во 1990 година, а на пример Романија, која во 1990 година имаше 22 милиони жители, денес брои нешто над 20 милиони. Тој тренд е еден од предизвиците и за нашата држава.