Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Костовски: По пет години работа, промените во Бутел се јасно видливи

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, по повод една година од почетокот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, по повод една година од почетокот на неговиот втор мандат, оцени дека општината минува низ период на интензивен развој и реализација на капитални проекти.

Во објава на социјалните мрежи, Костовски истакна дека првата година од вториот мандат била една од најдинамичните досега, обележана со, како што наведе, крупни одлуки, силна реализација и значајни инфраструктурни зафати.

– Во овие пет години Општина Бутел доживува вистинска ренесанса. Првата година од вториот мандат е веројатно најдинамичната досега, година на крупни одлуки, силна реализација и клучни капитални проекти што ја менуваат иднината на нашата општина, напиша Костовски.

Реклама

Тој посочи дека во изминатиот период е посветено внимание и на безбедноста во општината, оценувајќи дека развојот нема целосна вредност без безбедни населби и мирни улици.

Костовски нагласи дека промените што ги најавувал на почетокот од својот мандат веќе се видливи на терен.