Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Ангелов: Активни се шест пожари на отворен простор, најкомплексен е пожарот кај Рамно во Општина Чучер Сандево

Опасноста од пожари и натаму е висока, а во моментов во државата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Опасноста од пожари и натаму е висока, а во моментов во државата има шест активни пожари на отворен простор, од кои неколку се посложени за гаснење, најкомплексен во моментов е пожарот во реонот Рамно на територијата на Општина Чучер Сандево, каде гори ниска вегетација, папрат, трева и грмушки, а на одредени места огнот зафаќа и шумска подлога – истакна директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов.

– Пожарот се движи по земјата и ја зафаќа лисната и тревната подлога, поради што се создаваат големи количини чад. Силниот ветер го насочува чадот кон Скопје и околните населени места на падините на Скопска Црна Гора -истакна Ангелов.

На терен интервенираат скопски пожарникари, неколку огнени тимови на ДЗС, припадници на Армијата, како и полициски хеликоптер кој дејствува на критичните точки со цел да се спречи ширењето на пожарот.

Реклама

Тој информира дека во текот на вчерашниот ден биле регистрирани повеќе од 30 пожари на отворен простор, од кои најголемиот дел се изгаснати благодарение на интервенциите на пожарникарите и останатите служби ангажирани во справувањето со огнените стихии.

Активен останува и пожарот над селата Грачани и Никиштане, кој се спушта кон Лепенец, но со намален интензитет и, како што рече, денеска се очекува да биде ставен под целосна контрола.

Повторно се активирал и пожарот на подрачјето меѓу Струга и Дебар, во атарите на повеќе села, каде интервенираат струшките пожарникари.

Активни пожари има и во атарот на селото Тајмиште во Општина Кичево и кај селото Белица во Општина Македонски Брод, каде теренот е исклучително тежок и непристапен.

Директорот на ДЗС упати апел до граѓаните да бидат крајно внимателни.

– За денеска се најавени високи температури и засилен ветер. Доволна е само една искра за да предизвика сериозна катастрофа, затоа апелирам до сите граѓани одговорно да се однесуваат и да избегнуваат активности што можат да предизвикаат пожар – порача Ангелов.