Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Мицкоски: За првпат имаме дитуација кога извозот расте побрзо од увозот, трговскиот дефицит се намалува

Најновите податоци на Државниот завод за статистика покажуваат позитивни движења во надворешно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Најновите податоци на Државниот завод за статистика покажуваат позитивни движења во надворешно трговската размена, при што извозот расте побрзо од увозот, а трговскиот дефицит се намалува, оцени денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Одговарајќи на новинарско прашање по пуштањето во употреба на реконструираната Стара чаршија во Гевгелија, Мицкоски рече дека особено охрабрувачки се податоците за јули, првиот месец од третиот квартал.

– За првпат по подолг период имаме ситуација во која извозот расте побрзо отколку увозот. На тој начин се намалува дефицитот во трговската размена во првите седум месеци од годината, а тоа е особено изразено во јули, кој е прв месец од третиот квартал – истакна Мицкоски.

Реклама

Според него, резултатите за јули се над очекувањата, особено во делот на извозот, додека растот на увозот, како што посочи, главно е последица на високите цени на нафтата и нафтените деривати на светските пазари.

– Кога би се стабилизирал тој дел од пазарот, разликата би била уште поголема, а трговскиот дефицит уште помал – додаде премиерот.

Мицкоски посочи дека економските показатели се уште еден доказ за подобрување на економската состојба во државата.