Во Струмица вечер ќе биде отворено спомен обележје во чест на Џоко Ѓоргиев, тапанар на групата ДНК и во сеќавање на 64 жртви во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Според организаторите, спомен обележјето е подигнато во Градскиот парк во Струмица, во близина на поранешниот Дом на АРМ, а настанот ќе започне со „Марш на сеќавање“ од Булеврот „Гоце Делчев“ до Градскиот парк.
Отворањето на спомен обележјето ќе биде проследено со музичка програма, а ќе настапат „Летната школа за гитара Џоко Ѓоргиев“, Благица Калева, Иван Кукиќ, Ивана Василева, Јовче Пандев и „За Бато Џоче“.

