Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Македонија

Штипската „Пастрмајлијада“ ќе се одржи на 18 и 19 септември

Штипската „Пастрмајлијада“ и годинава ќе се одржи на две локации, со богата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Штипската „Пастрмајлијада“ и годинава ќе се одржи на две локации, со богата музичка програма, а на гостите ќе им се понуди и познатиот гурмански бренд пастрмајлија. Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов на денешната прес-конференција најави дека  манифестацијата ќе се одржи во петок и сабота, на 18 и 19 септември, на шеталиштето „Ванчо Прќе“ и на Градскиот стадион. Тој истакна дека поучени од минатогодишното издание штипските пастрмајлии ќе се продаваат на двете локации, во унифицирани објекти. 

– И оваа година очекуваме илјадници посетители, гости од страна, од околни држави и градови, да ги посетат угостителските објекти, да ја вкусат најдобрата пастрамајлија во градот домаќин Штип. Да бидат на настанот на сите случувања кои се поврзани на овогодинешното издание на две локации, на шеталиштето „Ванчо Прќе“ и на  Градскиот стадион. Од аспект на промоција на кулутра секако оваа манифестација има забавен карактер и дека граѓаните и гостите ќе уживаат во богата музичка програма и верувам и дека и овој пат ќе се покажеме како добри домаќини-изјави Јорданов.

Тој посочи дека во делот на сообраќајот  се организираат повеќе паркинг површини, ќе има измени во сообраќајниот режим,со цел сите гости бидат соодветно пречекани и навремено да можат да стигнат до самата локација, каде што се одржува манифестацијата.

Реклама

 Жељко Јоксимовиќ, Лара Ивановска, Таско и Сара Јо се меѓу музичките имиња кои ќе настапат на годинешната „Пастрмајлијада“. Во сабота на Градскиот стадион ќе настапат и Јован Јованов и Елвир Мекиќ, пред централниот концерт на Јоксимовиќ. 

– Во петокот официјално е планирано започнување со традиционалното сечење на штипската пастрмајлија во 13 часот, а остатокот од денот ќе има богата музичка програма се до полноќ. Планирано е да има во петокот културно-уметнички друштва, ДЈ програма и како се приближува вечерта стигнуваме до концертот и забавниот карактер на настанот. Како главни имиња првата вечер на Пастрамалијадата на локацијата шеталиште „Ванчо Прќе“ предивдено е да настапат од нашата домашна музичка сцена добро познатти Лара Ивановска и Таско и од Србија познатата артиска Сара Јо, вели Горан Арсовски кој е дел од организацијата на манифестацијата.

Тој додаде дека во сабота  на шеталиштето „Ванчо Прќе“, настаните ќе започнат од 11 часот, а потоа во 19 часот манифестацијата се сели на Градскиот стадион, каде главна ѕвезда е Желјко Јоксимовиќ, а пред него ќе настапат македонските познати пејачи Јован Јованов и Елвир Мекиќ.

Цената на штипската пастрмајлија годинава ќе изнесува 250 денари, и покрај зголемените трошоци. За закуп на штандови се пријавени повеќе од 30 угостители, со цел специјалитетот да биде достапен за што поголем број посетители.