Реклама

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Николоски: Првите еколошки автобуси очекувам да се испорачаат во јануари, порано од договореното

Македонскиот здравствен систем доби 100 нови амбулантни возила

Пропусти во медицинските извештаи на Ива Михаилова: Стручна комисија ќе го испитува случајот со бегалката

Николоски: Инвестиции вредни 11 милиони евра во проекти за Општина Карпош

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Прилози

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Сузбиена криминална група во Струмица. Две физички и едно правно лице се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сузбиена криминална група во Струмица. Две физички и едно правно лице се товарат за даночно затајување, лихварство и перење пари. Случајот е отворен во април, кога при претрес на дом и простории, со судска наредба, биле пронајдени речиси 600.000 евра во готовина. Парите биле одземени бидејќи лицето кај кое биле пронајдени немало соодветна документација за нивното потекло. Следејќи го патот на парите, финансиската истрага открила дека во 2018 година на банкарска сметка биле внесени уште 500 илјади евра, прикажани како заштеда.

Изјава – Александар Јанев – дир. на БЈБ

„Се обидоа да одговорат дека имаат соодветни документации, соодветни аргументи од каде се овие финансиски средства. Според, нагласувам, според анализите и целокупната документација што е обезбедена од страна на сите овие институции коишто сме овде по надлежност и под палка на надлежното Јавно обвинителство Струмица, согледавме сосема спротивното – дека за поголемиот дел од овие финансиски средства, еве вака отприлика станува збор за милион и нешто евра, за поголемиот дел нема соодветно потекло или соодветен доказ“, изјави дир. на БЈБ, Александар Јанев.

Реклама

Од полицијата не откриваат повеќе детали за осомничените, ниту за нивната меѓусебна поврзаност, бидејќи случајот, како што велат, сè уште е во предистражна постапка. За двете физички и правното лице е поднесена кривична пријава. Во истрагата заеднички работеле повеќе институции – МВР, УЈП, Обвинителство, Царинската управа, Финансиската полиција. Целта, велат надлежните, не е само санкционирање на сторителот, туку и враќање на нелегално стекнатите средства во државниот буџет.

Изјава – Слободан Ивановски – дир. на Управа за финансова полиција

„Главната цел ни е, покрај кривичната постапка, да се води и финансиска истрага. Односно, кривичното санкционирање, односно каква и да е санкција, ќе биде залудна доколку парите коишто се злоупотребени или проневерени од страна на граѓаните не се вратат назад во буџетот. Со тоа покажуваме дека криминалот е неисплатлив и парите коишто се проневерени ги враќаме во буџетот“, изјави директорот на Управата за финансова полиција, Слободан Ивановски.

Во изминатите 48 часа, институциите процесуираа два случаи на финансиски криминал, во кои се утврдени незаконски стекнати средства и избегнување на даночни обврски. Јанев, кој беше во работна посета на струмичкиот Сектор за внатрешни работи, најави дека истрагите продолжуваат и незаконски стекнатите пари ќе се вратат во државниот буџет.