Реклама

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Николоски: Првите еколошки автобуси очекувам да се испорачаат во јануари, порано од договореното

Македонскиот здравствен систем доби 100 нови амбулантни возила

Пропусти во медицинските извештаи на Ива Михаилова: Стручна комисија ќе го испитува случајот со бегалката

Николоски: Инвестиции вредни 11 милиони евра во проекти за Општина Карпош

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Македонија

Изградба на нова линија за фекална канализација во Јака, општина Илинден

Интензивно се одвиваат градежните активности за изградба на нова фекална канализациона линија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Интензивно се одвиваат градежните активности за изградба на нова фекална канализациона линија на крак од улица „116“ во месноста Јака, општина Илинден, соопшти Општината. 

Проектот, како што се наведува во соопштението, предвидува изградба на канализациона мрежа во должина од околу 180 метри, со што ќе се создадат подобри услови за приклучување на 15 домаќинства.

-Новата линија ќе биде изведена со полиетиленски цевки со профил Ø250, а по завршувањето на работите ќе биде поврзана со постојниот систем за фекална канализација во Јака. На овој начин ќе се овозможи проширување и унапредување на комуналната инфраструктура во овој дел од населеното место, додаваат од Општината.

Реклама

Увид во текот на изградбата направи градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски заедно со директорот на ЈКП „Водовод“ Ивица Трипуновски.

При увидот било посочено дека реализацијата на ваквите инфраструктурни проекти е дел од континуираните активности за подобрување на комуналните услови за жителите. Изградбата на новата канализациона линија претставува значаен чекор кон модернизирање на комуналната мрежа и обезбедување поквалитетни услови за живеење во Јака.

Градоначалникот Георгиевски нагласил дека вложувањето во канализационата инфраструктура има повеќекратно значење, бидејќи покрај подобрувањето на секојдневниот живот на граѓаните, придонесува и за поголема заштита на животната средина.

-Со завршувањето на новата линија, Јака ќе добие дополнително унапредена канализациона инфраструктура, а домаќинствата ќе бидат опфатени со системот – додаваат од Општината.