Реклама

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Николоски: Првите еколошки автобуси очекувам да се испорачаат во јануари, порано од договореното

Македонскиот здравствен систем доби 100 нови амбулантни возила

Пропусти во медицинските извештаи на Ива Михаилова: Стручна комисија ќе го испитува случајот со бегалката

Николоски: Инвестиции вредни 11 милиони евра во проекти за Општина Карпош

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Македонија

Училишни простории во Куманово ќе се адаптираат за дневен престој на деца

Вкупно 1.727 деца се запишани во кумановските детски градинки за новата воспитно-згрижувачка…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вкупно 1.727 деца се запишани во кумановските детски градинки за новата воспитно-згрижувачка година, додека дневно во установите престојуваат околу 1.300 деца, информираат од јавната општина установа „Ангел Шајче“. Со почетокот на учебната година и враќањето на родителите на работните места, повторно се зголемува потребата од дополнителни капацитети за згрижување на децата.

Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, информира дека проектот за изградба на нова детска градинка е разрешен од административен аспект и за него е издадена градежна дозвола. Општината сега го очекува следниот владин повик на кој проектот треба да биде аплициран.

-Проблемот со проектот е разрешен, градежната дозвола е издадена. Чекаме повик од Владата. На претходниот повик, поради еден потпис на техничко решение од страна на службеник, проектот не беше навремено аплициран. Се работеше за проектот за противпожарна заштита, каде што цело време имаше усогласување меѓу Општината и две државни институции- изјави Димитриевски.

Реклама

Тој додаде дека од Владата има уверување дека проектот ќе биде одобрен на следниот повик, со што би се обезбедил нов капацитет за згрижување на деца во Куманово. Во меѓувреме, Општина Куманово разговара со Министерството за труд и социјална политика и Министерството за образование и наука за можноста неискористените простории во основните училишта да се адаптираат за дневен престој на ученици, а дел од нив да се искористат и за зголемување на капацитетите за згрижување деца.

– Отпочнавме разговори со Министерството за труд и социјална политика, Министерството за образование и наука и Општина Куманово, за да се обидеме сите слободни капацитети во основните училишта на територијата на општината да бидат преадаптирани во дневни центри за престој на ученици и дополнително да се зголемат капацитетите на детската градинка- изјави Димитриевски.

Според надлежните, изградбата на новата градинка и искористувањето на расположливите јавни простории се дел од мерките со кои треба да се зголемат капацитетите и да се одговори на потребите на младите семејства.