Реклама

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Николоски: Првите еколошки автобуси очекувам да се испорачаат во јануари, порано од договореното

Македонскиот здравствен систем доби 100 нови амбулантни возила

Пропусти во медицинските извештаи на Ива Михаилова: Стручна комисија ќе го испитува случајот со бегалката

Николоски: Инвестиции вредни 11 милиони евра во проекти за Општина Карпош

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Македонија

Шасивари – Зомер: Поддршка од Швајцарија за реформите во правосудството

Министерот за правда Јетон Шасивари денеска оствари работна средба со амбасадорот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за правда Јетон Шасивари денеска оствари работна средба со амбасадорот на Швајцарската Конфедерација во Македонија, Кристоф Зомер.

Како што се наведува во соопштението, Шасивари истакнал дека Министерството за правда работи на создавање поефикасен и пофункционален правосуден систем, во кој граѓаните ќе имаат поголема сигурност и доверба во институциите.

– За успешното спроведување на реформите е особено важно да се користат искуствата на земјите кои имаат воспоставено добри практики во областа на владеењето на правото – се посочува во соопштението.  

Реклама

На состанокот беше отворено и прашањето за можностите за понатамошна соработка со Швајцарија, особено преку поддршка на проекти, размена на знаења и искуства и јакнење на капацитетите на институциите.

Амбасадорот Зомер ја претставил Швајцарската програма за соработка со нашата држава, како и можностите за нејзино проширување во области поврзани со реформите и институционалниот развој. Изразена е подготвеност за продолжување на партнерството и поддршка на иницијативите што придонесуваат за јакнење на владеењето на правото.

Досегашната соработка меѓу двете земји претставува добра основа за нови заеднички активности.

Министерството за правда ќе продолжи да гради отворена соработка со меѓународните партнери, со цел искуствата и поддршката од европските земји да се преточат во конкретни подобрувања во работата на институциите и услугите што ги добиваат граѓаните – се наведува во соопштението.