Реклама

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Николоски: Првите еколошки автобуси очекувам да се испорачаат во јануари, порано од договореното

Македонскиот здравствен систем доби 100 нови амбулантни возила

Пропусти во медицинските извештаи на Ива Михаилова: Стручна комисија ќе го испитува случајот со бегалката

Николоски: Инвестиции вредни 11 милиони евра во проекти за Општина Карпош

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Македонија

„Тиквеш“ со нови меѓународни награди: Најдобар производител и најдобри вина во Германија и голем златен медал и специјална награда во Франција

Винарската визба „Тиквеш“ ја потврди својата доминација на меѓународните вински натпревари, овој…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Винарската визба „Тиквеш“ ја потврди својата доминација на меѓународните вински натпревари, овој пат освојувајќи вкупно 15 високи награди на престижните Mundus Vini Summer Tasting 2026 и Citadelles du Vin 2026, меѓу кои и специјални награди за најдобар производител и за најдобри вина од Македонија. Со новите успеси, винарницата уште еднаш докажа дека во земјава има потенцијал за создавање светски брендови кои во силна конкуренција се истакнуваат со своите уникатни вредности.

Како што се посочува во соопштението од винаријата, на Mundus Vini Summer Tasting 2026, „Тиквеш“ освои десет признанија од кои три се исклучително значајни специјални награди. „Тиквеш“ беше прогласен за најдобар производител од Македонија и ги освои наградите за најдобро вино од земјава во категориите бели и црвени вина. Наградата за најдобро бело македонско вино му припадна на Bela Voda White 2025, кое воедно освои и златен медал, додека наградата за најдобро македонско црвено вино му беше доделена на Barovo Red 2022, исто така одликувано со златен медал. Со злато од натпреварот се вратија и Babuna Red 2023, Bela Voda Red 2022, Luda Mara Red Cuvée 2024 и Babuna White 2025. 

Со новите успеси, македонската винарница уште еднаш го потврдува препознатливиот карактер на своите вина, кои и во силна меѓународна конкуренција се издвојуваат со својот тероарен потпис, комплексност и моќ. Особена тежина на овие резултати им даваат и строгите правила на Mundus Vini. Согласно пропозициите на натпреварот, со медали може да бидат одликувани најмногу 40 проценти од сите пријавени вина. Во ваква селективна конкуренција, секое признание добива особена вредност, а двете Best of Show признанија за најдобро вино од Македонија и наградата за најдобар производител се издвојуваат како врв на овогодишниот успех.

Реклама

– Овој успех е силна потврда дека вината што ги создаваме во ,Тиквеш’ се одликуваат со врвен квалитет, автентичност и успешно се издвојуваат и во најсилната меѓународна конкуренција. Особено нè радува што признанијата доаѓаат за вина од наши различни тероари и различни стилови, што покажува дека потенцијалот на македонското лозарство може да даде врвни резултати во широк спектар на вински категории. Наша амбиција е да продолжиме да создаваме вина со препознатлив печат и врвен квалитет, кои со право ќе го претставуваат македонското вино на светската сцена – изјави Светозар Јаневски, претседател на Управниот одбор на „Тиквеш“.

Одличниот резултат на „Тиквеш“ е потврден и на Citadelles du Vin 2026, каде водечкиот македонски вински бренд освои три златни одликувања. Domaine Lepovo Grand Cuvée 2023 беше одликувано со голем златен медал, а го освои и специјалното признание Prix Special Macedonia. Со златен медал беа наградени и Barovo Red 2022 и Bela Voda White 2023. На овогодишното издание на Citadelles du Vin учествуваа 369 вина од 16 земји, кои ги оценуваа 45 професионални дегустатори од 19 земји.

Последните награди на Винарската визба „Тиквеш“’ се резултат на континуираниот процес на унапредување на квалитетот, при што сите процеси почнувајќи од одгледување на виновата лоза па се производството на вино, се одвиваат согласно највисоките стандарди. „Тиквеш“ е единствена винарница во регионот која во континуитет применува иновации, алатки базирани на вештачка интелигенција и воведува дигитализација и зелени технологии. Сите активности се базираат на интегриран научен пристап што ја позиционира винарницата како лидер во современото лозарство и винарство – посочуваат од „Тиквеш“.