Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Детето со убод во срцето е во стабилна, но сѐ уште животозагрозувачка состојба

Министерот за здравство Сашо Клековски денеска информира дека 13-годишното дете со убод…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за здравство Сашо Клековски денеска информира дека 13-годишното дете со убод во срцето е во стабилна, но сѐ уште животозагрозувачка состојба. 

– Последната информација, за жал, ми е од вчера. Стабилна, во животозагрозувачка состојба, сѐ уште. Добрата страна – кинетиката – движењето на срцето е во ред, меѓутоа, сѐ уште е во животна опасност – одговори Клековски на новинарско прашање на денешната прес-конференција.

Прашан за ризикот од можна епидемија на морбили по зголемениот број случаи во соседството, тој повторно упати предупредување имајќи предвид дека 62 отсто од учениците се вакцинирани против морбили, што е недоволно за колективен имунитет.

Реклама

– Ние предупредивме на ризикот од тоа бидејќи во Косово и Бугарија веќе има зголемен број на случаи. Во основа, Институтот за јавно здравје ги спроведе сите неопходни активности за информирање, меѓутоа вие знаете дека во основа имаме, особено во некои урбани средини – силно противење на вакцинацијата. И мораме да гледаме малку поаналитички како тоа да го надминеме бидејќи нема логика во, условно кажано, помалку развиени средини да имаме многу висок степен на опфат, вклучувајќи и со помалку прифатени вакцини, како ХПВ, а од друга страна, во средините кои се најразвиени, каде што образованието е на највисок степен, да имаме најнизок степен на опфат. И тоа е предизвик со кој мораме малку поаналитички, системски да се соочиме – одговори Клековски.

Во однос на опфатот на пациенти со цистична фиброза, кои може да примаат „трикафта“, министерот најави дека ќе има промени многу бргу.

– Многу набргу ќе има промени таму, ќе ги објавиме. Очекувам дека на крајот на месецот ќе има нови објавени протоколи и ќе имаме нов опфат и на возрасна група и на генетски варијации – појасни Клековски.

Тој потврди дека со промените се планира и децата што се над двегодишна возраст да може да го добијат лекот „трикафта“.